ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Се откажува ли ДПМНЕ од државното знаме: Освен Сиљановска, и Мицкоски бил пречекан без македонското знаме во Хрватска

September 16, 2024 14:38
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
ФОТО: Кабинет на претседателот на Република Хрватска / Томислав Бушљета

ФОТО: Кабинет на претседателот на Република Хрватска / Томислав Бушљета

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Од доаѓањето на ВМРО – ДПМНЕ на власт, како да стана практика македонските високи државни функционери при посетата на странски држави да бидат пречекувани без да се истакне македонското државно знаме.

И додека за последното неистакнување на македонскот знаме во Бугарија при посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и државната делегација во која беа и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, како и министерот за култура Зоран Љутков, се дигна голема галама во јавноста, зачудувачки незабелижително помина истата скандалозна ситуација што се случи на 29 август при посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Хрватска.

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Заедно со Мицкоски во Хрватска беше и државната делегацијата во состав: министерка за образование, Весна Јаневска, министерот за здравство, Арбен Таравари, и истиот министер што беше и на средбата во Бугарија, неизбежниот Тимчо Муцунски, кој е можеби и најодговорен за овие дипломатски скандали.

ФОТО: Кабинет на претседателот на Република Хрватска / Томислав Бушљета

Заедно со Мицкоски во Хрватска беше и државната делегацијата во состав: министерка за образование, Весна Јаневска, министерот за здравство, Арбен Таравари, и истиот министер што беше и на средбата во Бугарија, неизбежниот Тимчо Муцунски, кој е можеби и најодговорен за овие дипломатски скандали.

ФОТО: Кабинет на претседателот на Република Хрватска / Томислав Бушљета

И додека премиерот Христијан Мицкоски, три дена по настанот, пост фестум изјавува пред домашната јавност дека ќе му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во земјава поради неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев при нејзината посета на Софија, забележително е отсуство на реакција за неистакнувањето на македонското знаме при неговата средба со Милановиќ во Загреб, и од страна на премиерот, и од страна на медиумите, и од страна на јавноста.

– Во минатото кога се понижуваше и распродаваше македонското достоинство, тогаш се молчеше, се виткаше кичмата и се согласуваа со тие што не понижуваа и газеа. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме меѓународна политика ниту дипломатска со свиткана кичма. Тогаш кога ќе се помине рубиконот, кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира. Затоа што вие ако не реагирате, тој исклучок потоа ќе стане пракса, ќе рече денес Мицкоски, одговарајќи на поставените новинарски прашања .

Но некои прашања останаа непоставени. На кое минато мисли Мицкоски кога вели дека се понижуваше, распродаваше, газеше македонското достоинство, тогаш се молчеше, се виткаше кичмата. На ова од август каде што е тој самиот фатен во невавидна положба, и потоа ја одмолче?

И кои се тие двојни аршини за еден ист настан, само во зависност од тоа дали доаѓаат од исток или од запад? Зошто медиумите и јавноста не реагираа тогаш на настаните во Хрватска, како што реагираат сега за истото во Бугарија? Има ли некоја скриена позадина, особено ако се има предвид дека голем дел од медиумите, а и од јавноста работат и реагираат „под диктат“ од владејачката партија?

Ќе собере ли сили Мицкоски да одговори и на овие новинарски прашања?

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на авторот

Next Post

Фон дер Лајен ја прифати оставката на еврокомесарот Бретон

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk