ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во следните неколку недели ќе се направи модификација и на составот на заедничката комисија со Грција, велат извори од МНР

September 16, 2024 15:58
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во следните неколку недели ќе се направи модификација и на составот на заедничката комисија со Грција, велат извори од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, откако Владата минатата недела го смени составот и на заедничката комисија со Бугарија.

Извори од Министерството додаваат дека шефот на дипломатијата и премиерот оваа недела во Брисел ќе имаат средби со лидери од регионот, но ќе остварат и билатерални средби со високи претставници на ЕУ, на кои, додаваат изворите, ќе ги презентираат „нашите клучни аргументи од гледна точка на стратешката определба на Владата“.

Според нив, дијалогот со Бугарија треба да продолжи и да се нуди решение. Велат дека заклучоците на Советот на ЕУ не мора да се променат за да се прифати позицијата на новата влада за одложена примена на  уставните измени.

Додаваат дека позицијата е дека Северна Македонија ќе разговара, но дека не е подготвена да оди напред под овие услови, со кои се предвидуваат уставни измени за да се отворат преговарачките поглавја.

Според нив, не постои гаранција дека ова ќе биде последната билатерална отстапка што ќе се бара од Бугарија, и оти на овој начин се создава опасна пракса којашто и штети и на политиката на проширување, додавајќи дека во наредниот период дипломатијата ќе се фокусира убедувајќи ги останатите земји-членки на ЕУ дека земјава направила многу отстапки на патот кон ЕУ.

Извори од Министерството додаваат дека на претстојното Генерално Собрание на ОН што ќе се одржи идната недела во Њујор, ќе се одржи билатерална средба меѓу шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и на Грција.

Next Post

Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови

НАЈНОВО

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Теоријата на панспермија – животот како космички вирус

November 1, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

(ВИДЕО) Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk