ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Битиќи: Задолжувањето од Унгарија е економско предавство, удар врз домашните компании

September 17, 2024 15:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

„Државата се доведува во ситуација со пари на граѓаните евентуално да финансираат странски фирми, наместо домашните. Овој заем е удар за домашните компании, нивно исфрлање од економската орбита на оваа Влада. Ова е удар врз трудот на македонските бизниси, економско предавство на татковината“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната седница на Собранието на која се расправа за Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка.

Битиќи во своето обраќање појасни дека заемите, како овој, кои доаѓаат од ЕКСИМ банки, независно дали тоа е од Унгарија или од друга земја, наметнуваат и услов, парите да се користат за фирми кои доаѓаат од матичната земја.

„Но, каде е овој услов во образложението, во предлог законот за задолжувањето или во самиот договор? Зошто никој јасно не кажува дека средствата можеби ќе одат директно за одредени унгарски компании, а не за поддршка на македонскиот бизнис!? Зошто македонските компании не се споменуваат? “, праша Битиќи во своето обраќање.

Давајќи осврт на образложението на предлог-законот за задолжување Битиќи посочи дека во него како примарна цел се наведува е унапредување на постојаната и воспоставување на посебна економска врска со Унгарија, а никаде не се споменува најавуваната директна поддршка за македонската економија.

„Никаде, апсолутно никаде, не се споменува тоа што премиерот го најавуваше – 250 милиони евра директна поддршка за македонската економија под истите услови што се споменуваат за заемот, 3.25 проценти камата, три години грејс период и 12 години рок на отплата, или вкупно 15 години. Ако ова беше толку голем успех за македонската економија, зошто нема ни еден збор за тоа во официјалното образложение? Наместо тоа, се наведува една генерализирана цел за „унапредување на економската соработка со Унгарија,“ што не кажува ништо конкретно за тоа како и на кој начин овој заем ќе ја поддржи македонската економија. Ова создава сериозни сомнежи за вистинските намери зад ова задолжување и за тоа како средствата ќе бидат распределени“, рече Битиќи.

Битиќи посочи и на опасностите кои ова задолжување ги носи за јавниот долг и создавањето на долгорочни обврски кои може да доведат до повисоки даноци и кратења во јавните услуги.

„Ова ново задолжување од 500 милиони евра директно ја загрозува макроекономската стабилност на државата и дополнително ќе го оптовари јавниот долг, кој веќе се движи на опасни нивоа. Како што кажав при ребалансот на буџетот, кога некои 400 милиони евра од овие пари беа сокриени, со додавање на овие средства, јавниот долг ќе надмине 68%, а ако продолжат со истата пракса на редовно задолжување, ќе достигне дури 75% од БДП, што ќе претставува алармантна граница за економска криза, а кон која Владата има очигледна намера да не доближи. Ова не само што ќе го ограничи просторот за идни фискални политики, туку ќе создаде долгорочни обврски кои ќе мораат да се финансираат преку повисоки даноци или кратења во јавните услуги“, рече Битиќи.

Пратеникот Битиќи предупреди дека преку вакви заеми се ризикува државата да падне во замка на економска и политичка манипулација.

„Ова е типична стратегија на авторитарни држави кои користат финансиски средства за да поттикнат долгови и да наметнат политички и економски услови, како што сме виделе во многу други држави. Недостигот на транспарентност околу условите на овој заем, заедно со неговата геополитичка природа, укажува на намери кои не се само економски, туку и политички мотивирани, ставајќи ја државата во директна зависност од надворешни актери со ерозивни агенди“, рече Битиќи.

Собранието денеска со 65 гласа „за“ го  изгласа Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка.

 

 

Tags: Битиќизаем од Унгарија
Next Post

Конференција за обезбедување на одржливост на реформите во образовниот систем

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk