ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Експлицитен говор на омраза и повик на насилство: „Ќотекот (на Села) е произлезен од Рајот“

September 18, 2024 15:38
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Профилот Марга@МКДПроЛет, познат по ултранационалистичките објави, а кој го поврзуваат со пропагандната мрежа блиска до ВМРО-ДПМНЕ, објави две фотографии – една од гостувањето на Зиадин Села од Алијанса за Албанците и од Европскиот фронт во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 и една од претепувањето во Собранието на 27 април 2017 година, придружени со пораката: „Ќутекот е излезен од Рајот“, Евангелие по Св. Петар 1:13:5. Мониторингот на ЦИВИЛ ја оценува оваа објава како експлицитен говор на омраза и директен повик на насилство.

Коментарите се дека „малку му беше“ или „најтрагично е што Македонците го спасија лигушов“...

Објавата од Марга@МКДПроЛет доаѓа по изјавата на Села во „Клик плус“, ТВ 21, кој предложи гарантирани места за албанските пратеници во Собранието, бидејќи според него ВЛЕН нема легитимитет, туку тоа Мицкоски им го дал.

„Друга форма може да биде и гарантирани места за немакедонските заедници во Собрание според последниот попис каде точно и без никакви дилеми се одразува јасно одлуката на граѓаните, кај вревата која ја прави ВРЕДИ, дека ги немате гласовите на Албанците, ги имате… таа е една од формите, но македонскиот политички фактор треба да ја прифати судбината да има толку гарантирани места во Собрание колку што има во пописот. А тоа е 30 отсто од бројот на населението, вели Зијадин Села од Европски фронт.

Неодамна, Министерството за внатрешни работи упати апел за воздржување од било какви тензии по однос на настанот со црквата „Св. Петка“ во госитварско с. Галате и било кое подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии било на јавен простор или преку социјални медиуми ќе биде предмет на кривично-правен прогон од страна на МВР.

Дали министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ќе реагира и на ваквите повици за „ќотек“, па макар тој ќотек да е „произлезен од Рајот“?

Во меѓувреме, откако Александар Пандов стана в.д. директор на Управата за извршување на санкции речиси сите тепачи на Села, или како што ги нарекуваат „уставобранители“ се пуштени од затвор на „домашно лекување“.

Дехран Муратов / Цивил Медиа

Tags: говор на омразаСела
Next Post

Уставниот суд поведе постапка за „балансерот“

НАЈНОВО

Европска премиера на претставата „Приказната на Електра“ за затворање на „Охридско лето“

August 20, 2025

Книжевна вечер со Капка Касабова во „Буква“

August 20, 2025

(ВИДЕО) „Јасен“ се уште гори, борбата со големиот шумски пожар продолжува

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk