Реагирајќи на неприфатливите предлози за идниот статус на Автономната Република Крим и градот Севастопол, Министерството за надворешни работи на Украина истакнува едно: Крим е Украина 🇺🇦 Нема компромиси.
Крим е централната тежа на европската безбедносна архитектура. Нејзиното целосно обновување е можно само по целосната деокупација на целата територија на Украина, вклучително и на украинскиот полуостров.
Очекуваме понатамошна решителна поддршка од партнерите за да ја принудат Русија да се врати на почитување на меѓународното право и Повелбата на ОН, да ги повлече своите трупи и оружје од целата суверена територија на Украина и да ја обнови нејзината територијална целост, како и да ја повика Русија на одговорност за нејзината агресија против Украина и за сите извршени злосторства, велат од украинското МНР.
Сите напори треба да бидат насочени кон што побрзо постигнување на овие цели, а не да се задоволуваат на кој било начин апетитите на Кремљ на сметка на интересите на Украина и меѓународното право.
Претседателот на Украина, во рамките на Формулата за мир, понуди јасна визија за постигнување сеопфатен, праведен и долготраен мир за Украина и светот.
Ги повикуваме сите што го почитуваат меѓународното право и Повелбата на ОН да се приклучат кон напорите за спроведување на Формулата за мир како единствениот пат за обновување на праведен и одржлив мир во Европа, стои во реакцијата на МНР на Украина.
Драган Мишев / Цивил Медиа