ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

ВМРО-ДПМНЕ спинува, Пендаровски не се откажал од канцеларијата, туку од претседателската пензија

September 23, 2024 16:25
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Соочени со серијата неуспеси на надворешно политички план, неколкуте катастрофални потези, дипломатските скандали што ни ги приреди претседателката Давкова, немоќта да го остварат предизборното ветување враќање на старото име на државата, критиките за игнорантскиот однос кон баранителите, непокачувањето на платите, доцнењето со мерките за одбрана на животниот стандард на граѓаните, како и зголемувањето на криминалните активности во земјава, во обид да ги дезавуира овие негативни процеси кои земаа замав, ВМРО-ДПМНЕ го прави она што отсекогаш највеќе го знаела и го правела, да спинува и манипулира.

Така, веќе втор ден куририте ги  шират конструкциите и спиновите искажани на прес-конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДОМНЕ Тони Јаревски, кој обвинува дека Стево Пендаровски наводно ги излажал граѓаните кога , според Јаревски, глумел скромност дека не сака да отвора канцеларија на Претседателот, туку истото ќе го направи некогаш во иднина.

Дали Јаревски има меморија на златна рипка, надополнета со медиумска неписменост, па не знае да пребара по интернет архивите на медиумите, инаку немаше да излезе со ваков спин, бидејќи ќе видеше дека поранешниот  претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 14 мај објави дека ќе се откаже од дел од привилегиите кои му следуваат согласно законот, односно, нема да ја користи доживотната пензија, но ќе користи канцеларија со тројца вработени од неговиот поранешен кабинет, како што изјавија тогаш од неговиот кабинет за ЦИВИЛ Медиа.

Со оваа одлука, Пендаровски е првиот претседател на државата кој се откажал, односно нема да ги користи привилегиите по завршување на мандатот, како што тоа го прават сите негови претходници. Можеби токму тоа го збунило Јаревски, навикнат на некои други претседатели кои се уште ги користат бенефициите стекнати како поранешни претседатели, како поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.

Додека уште во септември 2019 година, во Пендаровски најави дека по завршување на мандатот, ќе се откаже од доживотната пензија и другите привилегии, но, и тогаш нагласи дека по истекот на мандатот, смета дека би требало да му се обезбеди просторија во некоја од државните институции каде како поранешен претседател би ги извршувал протоколарните активности.

Тоа што Јаревски не го разбира наводното„лицемерието“ на Пендаровски, очигедно е поради тоа  што ги помешал лончињата, или поради неинформираност, или со намера да излаже, кога јавно изјавува дека поранешниот претседател се откажал, па се премислил и веќе на 3 јуни нашол канцеларија и договорил и цена за закуп.

Дури и +инфо, долгогодишен поддржувач на партијата на Јаревски, веднаш објави демант од Пендаровски каде вели дека „Граѓаните лесно ќе заклучат кој е лицемерен. Канцеларијата ми е доделена во јуни, но сѐ уште не е уредена“.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на авторот
Next Post
Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Тешко е да се поверува дека на Македонија може да ѝ се случи поголемо актуелно предавство од предавството спрема евроинтеграциите

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk