ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Калифорнија ја тужи ExxonMobil дека манипулирала со јавноста за рециклирањето на пластиката

September 24, 2024 09:07
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузната држава Калифорнија поднесе тужба против ExxonMobil со обвинување дека со децении ја доведувала јавноста во заблуда за ефикасноста на рециклирањето на пластиката. Ова е прва ваква тужба против нафтено-енергетска компанија.

Тужбата тврди дека ExxonMobil, втора по големина нафтена компанија во светот и прв светски производител на полимери, главните состојки за изработка на пластични производи, со децении знаела дека рециклирањето на пластиката е технички и економски предизвик и дека нема да помогне во значително намалување на огромната количина пластичен отпад што завршува во животната средина.

И покрај тоа, тужбата наведува, компанијата постојано промовира дека рециклирање е изводлива опција.

-ExxonMobil со децении ја доведуваше јавноста во заблуда за да не убеди дека рециклирањето на пластиката може да го реши проблемот со отпадот и загадувањето од пластика, кога тие јасно знаат дека тоа не е можно, изјави денеска главниот обвинител на Калифорнија, Роб Бонта.

Од вкупната пластика што се произведува во светот, само шест отсто се рециклира, во САД таа бројка е помала, и изнесува четири отсто. ExxonMobiл не одговори на барањата за коментари од американските медиуми.

Тужбата тврди дека ExxonMobil ја манипулирала јавноста и со тоа поттикнала прекумерното користење на пластика, што се произведува од јаглеводородни горива. Тоа предизвикало проблем со отпадот што го чинело државата повеќе од 400 милиони долари годишно за чистење.

-Пластиката е насекаде, од длабочините на морето до највисоките планински врвови, ја има и во нашите органи како микропластика, штетата за сите е направена, изјави Бонта.

Во поднесокот на канцеларијата на државниот обвинител на Калифорнија се цитира извештај што открива дека индустријата за пластика го промовирала рециклирањето иако нејзините претставници долго знаеле дека таа активност веројатно никогаш нема да биде ефикасна во голем обем.

Истрагата на калифорниското обвинителство започнала пред две години.

Tags: КалифорнијаПластикатужи
Next Post

ЕК предлага речиси 120 милиони евра за земјоделците во ЕУ жртви на временски непогоди

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk