ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Штипјанецот Дамјан Давков освои сребрен медал на Балканската олимпијада по информатика

September 25, 2024 14:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Даниел Којнов, ученик од Гимназијата во бугарскиот град Шумен е победник на 31. Балканска олимпијада по информатика што во организација на Здружението на информатичари на Македонија деновиве се одржа во Охрид.

Тој беше прогласен за најдобар во конкуренција на педесеттина учесници од 15 земји од поширокиот Балкански регион.

Најдобар од македонските претставници на натпреварувањето е Дамјан Давков од Штип кој е ученик во Математичко-информатичката гимназија во Скопје, со освоен сребрен медал.

Како што беше истакнато на денешната церемонија на доделувањето на наградите за најдобрите учесници на Олимпијадата, целта на ваквите настани е поттикнување на соработка меѓу балканските народи и инспирацијата на млади таленти во областа на технологијата и иновациите.

Миле Јованов, претседател на Здружението на информатичари на Македонија и професор на ФИНКИ, посочи дека денешниот е последниот официјален настан од Балканската олимпијада по информатика која оваа година е организирана во Македонија.

– Овие настани, ваквата Олимпијада овозможува да се промовира науката се повеќе и повеќе односно информатичката област. И тоа е целта. Ние сакаме преку собирање на најдобрите ученици и од Македонија и од сите други земји да дадеме позитивен пример на сите наши други ученици да се заинтересираат во областа, да работат и да постигнат врвни резултати. Разликата меѓу научните и спортските олимпијади е тоа што кога некој ќе постигне медал на спортска олимпијада тоа е врвот на неговата кариера, додека кај освојување на медал на ваква интернационална научна олимпијада учениците ќе освојат медал, а потоа за нив почнува успешноста во оваа многу барана професија, односно во рамки на компјутерската наука воопшто, рече Јованов.

Во однос на тоа каде како држава се наоѓаме кога е во прашање областа на информатиката, тој истакна дека се носиме рамо до рамо со другите балкански држави.

– На ниво на Балканскиот регион Македонија е една од најмалите држави по популација и површина. Ние успеваме да се носиме рамо до рамо со другите држава Сребрениот медал за Дамјан Давков е доста силно одличје за Македонија, истакна Јованов.

Балканската олимпијада по информатика е натпревар во програмирање за средношколци од регионот на југоисточна Европа. Домаќин на олимпијадата секоја година е различна земја, членка на БОИ Иницијативата. На Олимпијадата секоја држава има право да учествува со најмногу четворица ученици/ натпреварувачи кои претходно се бираат според постигнати највисоки државни резултати, а државата домаќин може да има две екипи со по четири) натпреварувачи.

На натпреварот во Охрид улествува ученици од Македонија, Србија, Албанија, Грција, Бугарија, Романија, Словенија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Кипар, Турција, Црна Гора и Италија. Дополнително, учество седоа и учесници од земји поканети како гости на Олимпијадата и тоа од Хрватска, Швајцарија, Полска, Украина, Саудиска Арабија.

Tags: Балканска олимпијада по информатикаДамјан Давков
Next Post

Со финансиска поддршка на Фондацијата Заев, издадена книга во спомен на претседателот Борис Трајковски

Shortcut

Најново

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk