ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дали значењето на Коридорот 8 како одбранбена компонента на НАТО е причина да го опструираат властите во Скопје?

Државниот врв и коалиционите партнери во владата, се на испит дали ги следат „Патот на свилата“ или економско-одбранбените коридори 8 и 10Д, односно дали стратешки партнери на оваа влада се Пекинг и Москва или Брисел и Вашингтон

September 26, 2024 07:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

Дали значењето на Коридорот 8 како одбранбена компонента на (Северна Македонија во) НАТО е причина да го опструираат властите во Скопје?!

При известувањето за „културната дипломатија“ на Силјановска-Давкова во Софија, медиумите на македонски не посветија особено внимание на делот од соопштението од Кабинетот на бугарскиот претседател за средбата: „…Претседателот Радев повика и на значително поактивни заеднички напори од страна на Бугарија и Северна Македонија за изградба на транспортниот Коридор 8, кој е од клучно значење за поврзаноста и безбедноста во Југоисточна Европа…“

Изјавата на Силјановска-Давкова од Софија не го споменува Коридорот 8.

Приоритизирањето на коридорите е прашање на финансии, политичка промисла и национална, а не моноетничка стратегија на економско-транспортни и безбедносни инфраструктурни приоритети.

Економската логика на планирањето на финансиите (вклучително задолжувањата) за инфраструктурата се потенцијалната исплатливост и развој.

Безбедносниот аспект, пак, останува целно запоставен од официјално Скопје: Коридорот 8 е и одбранбен коридор на брзо распоредување на НАТО сојузнички сили од Италија преку Албанија, Северна Македонија и Бугарија до Црното Море. Онака како што Коридорот 10 е на располагање за оваа цел со постојната инфраструктура од Егејското Море, вклучително 10Д што ќе се разгранува кон Албанија и Косово.

Оттука, спротивставувањето на Владата и особено на Мицкоски и Николоски кон Коридорот 8 (како претходно кон 10Д), молкот на Мисајловски (и покрај Меморандумот што го потпиша со неговиот италијански, албански и бугарски колега) и пристапот на Муцунски и Силјановска-Давкова да не се мешаат во својата работа – покажува дека државниот врв од ВМРО-ДПМНЕ (и од ВЛЕН, со своите заменици-министри во скоро сите набројани ресори) е подготвен за:

– финансиско заглавување на земјата во нов долг од милијарди евра за „брза пруга“ при скоро целосна неискористеност на постојната и

– комплетно игнорирање на одбранбените потреби и кон сопствените граѓани и кон сојузниците во Северно-атланската алијанса.

Неколку објави на Аташеата за одбрана на Обединетото Кралство (ОК) при Британската амбасада во Скопје и во Приштина деновиве го потенцираа неговото значење и директно ги демантираат обидите за дезавуирање на Коридорот 8 од власта и медиумите блиски до неа:

„Денес поранешниот претседавач на Воениот комитет на НАТО, Лорд Пич, го нагласи значењето на Коридорот 8 за колективната безбедност на НАТО.

Тој (коридор) и овозможува на Командата на Здружените сојузнички сили во Неапол да пренесува сили како Кралскиот Јоркширски Полк од ОК од Италија со брод до Албанија, потоа по коловоз и пруга низ Северна Македонија и Бугарија и кон регионот на Црното Море.“

Аташето за одбрана на ОК во Скопје пренесе и две објави на известувачот на BFBS Forces News, Џејмс Вартон. Во првата тој опишува: „Тековно, персонал на ОК спроведуваат конвој низ Балканот на новоопределениот Коридор 8“, а во втората потсетува: „Убава можност за средба со припадниците на Кралскиот јоркширски полк во Албанија денес. Тие прават историја со тоа што се првите НАТО војници што го користат Коридорот 8 – стратешка комуникациска рута од Јадранското Море до Црното Море“.

Британскиот одбранбен аташе во Северна Македонија ја пренесува и објавата на неговиот колега во Косово: „…Утре се среќавам со Кралскиот јоркширски полк пред да се упатат да му се приклучат на НАТО-КФОР во Косово. Тие ќе транзитираат по Коридорот 8 низ Албанија и Северна Македонија. Стратешки значаен за НАТО, неговата употреба покажува дека сме „Заедно посилни“.

На кусо, државниот врв и коалиционите партнери во владата, се на испит дали ги следат „Патот на свилата“ или економско-одбранбените коридори 8 и 10Д, односно дали стратешки партнери на оваа влада се Пекинг и Москва или Брисел и Вашингтон.

Или конкретно, дали за Мицкоски, Меџити, Николовски, Муцунски, Силјановска-Давкова, Таравари, Мисајловски… целта е:

– земјата да биде територија ПЈРМ во зависност од српскиот и рускиот свет или

– нацијата на Северна Македонија да биде партнер на ЕУ, ОК и САД.


Текстот е личен став. Преземено од ФБ профилот на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ивон величковскиКоридор 8НАТО
Next Post

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава

НАЈНОВО

Кац нареди ИДФ да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас

October 12, 2025

Локални избори во Косово – на гласачкото ливче има 93 политички субјекти – 32 партии

October 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху на собир во Тел Авив

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk