ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Клековски го презентираше планот за намалување на долгот на ЈЗУ, со ребалансот ќе биде намален за два милијарди денари

September 26, 2024 14:25
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, денеска го презентираше планот за намалување на долгот на Јавно здравствените установи. Како што посочи Клековски, долгот на ЈЗУ во земјава изнесува пет милијарди денари, а само на почетокот на годинава бил зголемен за една милијарда. Долг, кој рече, можеше да го загрози редовното работење на здравствените установи и да доведе до блокирање на сметките на некои здравствени установи.

Клековски, денеска пред премиерот Христијан Мицкоски, кој беше во посета на Фондот, истакна дека благодарение на ребалансот на Буџетот, долгот ќе биде намален за две милијарди денари, со што, рече, ќе биде донесен на едно одржливо ниво.

– Разговаравме за тоа што имаме направено во првите 100 дена на Владата и на премиерот му го презентиравме планот за намалување на долговите на Јавно здравствените установи. Долгот на Јавно здравствените установи во земјава изнесува пет милијарди денари, а само на почетокот на годината е зголемен за една милијарда. Овој долг можеше да го загрози редовното работење на здравствените установи, а во некои и до блокирање на сметките и работата, затоа развивме еден план за намалување на долговите… Го намалуваме долгот благодарејќи на ребалансот и на нашата сопствена заштита за две милијарди денари, го намалуваме долгот од пет на три милијарди денари и со тоа долгот го донесуваме на едно одржливо ниво кое нема да биде закана за здравствените установи, рече Клековски.

Премиерот Мицкоски, пак, како врвен приоритет на Владата го посочи здравјето на граѓаните и рече дека Владата изготвува план за во текот на следната фискална година овој долг да биде намален уште повеќе.

– Правиме план како Влада да во периодот што следи, можеби ете да речеме во текот на следната фискална година, уште повеќе да го намалиме тој долг. А очекуваме и со домаќинско, вредно, посветено работење на новиот менаџмент во болниците и во здравствените установи низ државата да дел од тие долгови бидат и по тој пат вратени назад. Јас можам да кажам дека како Влада врвен приоритет ни е здравјето на граѓаните, рече Мицкоски.

Tags: ЈЗУСашо КлековскиФЗО
Next Post
Фото: ИФФК „Браќа Манаки“

На ИФФК „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk