ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Прашања што не се поставуваат на првиот љубовен состанок

September 26, 2024 15:05
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Љубовниот прв состанок понекогаш изгледа како „нагазна мина“ каде што не треба да се погреши. Американски стручњаци откриваат неколку прашања коишто треба да се избегнуваат кога првпат се среќавате со можниот иден партнер или партнерка.

Обично, првичните совети гласат: Изгледајте прибрано, но не премногу стегнато; откријте доволно за себе без да претерате… Ако, пак, некој е премногу сосредоточен да ја каже „вистинската работа“ – тоа може да го одвлече вниманието од целта на самиот состанок – да ја запознаете личноста спроти Вас… Американката Блејн Андерсон, основачка на блогот „Состаноци според Блејн“ (Dating by Blaine), говори за „правилата“ на првата средба.

– Освен финансиите, повеќето теми за разговор се прифатливи. Нема теми коишто се целосно забранети… Дури и вообичаените табу-теми може да се отворат на првиот состанок. А, можеби и треба, доколку мислењето на потенцијалниот партнер е важно за другиот. Политиката може да биде чувствителна тема, но ако сте навистина ревносни околу политиката и би излегувале само со некој што ги дели Вашите ставови, тогаш веројатно е подобро да го изнесете тоа на првиот состанок, наместо да чекате, вели таа.

Сепак, постојат неколку теми за разговор што треба да се избегнуваат… Следат прашањата што не треба да се спомнат.

„Што се случувало со претходните врски и состанувања?“

– Примамливо е да се праша за нечија последна сериозна врска, но ваквите прашања, едноставно – не се забавни. Единствената „категорија прашања“ за којашто би ги советувала самците да ја избегнуваат на раните состаноци, е онаа со „историјата на состаноци“, препорачува Андерсон.

„Дали сакаш да одите на друг состанок?

Грејс Ли, подучувачка за запознавање и состаноци од Њујорк, советува, наместо „да ги разработувате подробностите“ за втората средба додека сè уште сте на првата, да размислите во себе за натамошното излегување со таа личност.

– Планирањето втор состанок потоа е облик на додворување – тест на заемниот интерес. Затоа обично сакам да го оставам првиот состанок – отворен. Сакам да го оставам тој процес на планирање недопрен. Сега, една личност треба да преземе малку ризик, вели советувачката.

„Пијалаците беа добри – дали ни треба вечера сега?“

– Општо кажано, ако не сакате средбата да заврши, тоа е добар знак. Но, тоа не значи дека не треба да дозволите да се случи (крај на средбата, з.п.). Проблемот со „седумчасовниот“ прв состанок е тоа што го имате она лажно чувство дека сте навистина блиски – без да знаете дали тоа ќе биде трајни и натаму, со текот на времето. Ако и двајцата чувствувате силна поврзаност, можете да ја истражувате и на следните средби, советува Ли.

Според неа, колку добро и да се чувствувате, првиот состанок треба да заврши по вториот пијалак. Се чини, подобро е да остане нешто и за следната средба.

Next Post

Знаци што телото ни ги испраќа ако внесуваме премногу додаден шеќер

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk