ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рама по хаосот во Парламентот: Ние сееме, тие уништуваат

September 30, 2024 21:36
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот премиер, Еди Рама, реагираше во врска со случувањата во Собранието на денешната пленарна седница, на која пратениците на Демократската партија направија хаос со собраниската сала и ги запалија столчињата, откако ги изнесоа пред собраниската зграда.

– Доаѓајќи овде некој ми ја пушти оваа слика… ова е оган запален со столчињата на пратениците избрани да седат и да ги претставуваат оние што ги гласале и тоа како знак,  на револт против судска одлука, рече Рама на средбата  „Пратеникот што го сакаме“.

Рама понатаму рече дека „политиката има моќ да сее но и истребува“.

-Денес од нас се очекува одговорност, политичка претпазливост и посветеност на реформите кои ги опфаќаат европските вредности. Верувам дека меѓу овие две гледишта, се разбира не апсолутна туку релативна, денес овде има поделба меѓу нас, оние кои се обидуваат да лечат, садат… и оние кои уништуваат, откорнуваат, палат,  рече Рама.

Реагираше и Нико Пелеши, координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија и до неодамна министер за одбрана.

-Собранието треба да биде храм на етиката и почитувањето на правото, а не сцена каде насилно се крши законот. Нашите пратеници не се таму за да се караат со столчиња, туку да се расправаат со зборови. На пратеникот не може да му се толерира ништо што му е забрането на обичниот граѓанин. Уште повеќе насилство, порача Пелеши.

Денешната попладневна седница на албанскиот парламент траеше само 15-тина минути, поради хаосот што го предизвикаа опозициските демократски пратеници, па претседателката Елиса Спиропали мораше да ја прекине.

Тензичната ситуација почна на самиот почеток кога Спиропали побара да му се одземе мандатот и од Централната изборна комисија да се побара замена за пратеникот Ервин Салињани, кој во моментот е на издржување затворска казна.

Веднаш потоа демократските пратеници ја блокираа собраниската говорница, фрлаа со разнк предмети кон Спиропали, упатуваа навреди, дури и кон обезбедувањето, во што предничеше Фљамур Нока, инаку и генерален секретар на партијата, кој сакаше физички да се пресмета со социјалистот Петро Кочи.

Демократите ги извадоа столчињата на кои седат во салата, пред собраниската зграда, ги полеаја со бензин и ги запалија.

– Сцената прикажана на денешната пленарна седница, со блокирана говорница и запалени столчиња, ќе биде таа што секојдневно ќе го придружува Собранието. Техничката влада е решението Албанија да оди напред и да спроведе  слободни избори, изјави Нока по седницата.

Ваква тензична атмосфера во албанскиот законодавен дом не се новина. Претходно речиси цела година седниците беа прекинувани по само десеттина минути од почетокот и во хаос изгласувани документи само со гласовите на владејачкото мнозинство.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АлбанијапарламентТирана
Next Post

Хамилтон проговори за неговата борба со депресијата

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk