ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Започна 21-то издание на ИФАД „Стоби“ 2024

October 1, 2024 11:34
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Со претставата „Цар Едип“ на Народен театар од Сараево, од Босна и Херцеговина, во режија на Диего Де Бреа, синоќа на сцената „Петре Перичко“ на велешкиот театар„Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ свечено започна  21 -то издание на  Интернационалниот  фестивал на античка драма „Стоби“ 2024. Оваа претставата е во официјалната фестивалска конкуренција. Актерите на Народен театар Сараево добија долги и силни аплаузи од бројната публика.

На програмата на годинашното издание на фестивалот на античка драма вечер во 20 часот љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да ја проследат претставата „Пенелопиада“ на Театар „Младип“ од Унгарија во режија на Золтан Балаж.

Во среда вечер, на 2 октомври, со претставата „Мир“, на фестивалот настапува Театар „Идиоти“ од Јужна Кореја. Режисер на претставата е Ли Сангмунг додека четврток вечер, на 3 октомври, со претставата „Нерон“ во режија на Ѓорги Ризески ќе се претстават актерите на „Приватна продукција“ во ко-продукција со МКЦ од Скопје.

Античката драма „Монолози и сцени“ во режија на Роберт Вељановски и Теа Беговска на Универзитет за аудиовизуелни уметности „Еуропа Прима“ е единствената претстава што на годинешното издание на фестивалот „Стоби“ е селектирана во OFF програмата,а ќе биде изведена во петок на 4 октомври.

Наредната вечер на 5, октомври, во сабота ќе биде прикажана претставата „Едип и Пророците“ во режија на Диана Добрева на Драмски театар Пловдив, Бугарија.

Почетокот на претставите е 20:00 часот додека цената на влезниците изнесува 200 денари и можат да се купат на билетарата на театарот.

Инаку, 21-то издане на ИФАД „Стоби“ 2024 свечено ќе биде затворен на 10 октомври кога ќе бидат доделени и традиционалните награди  на фестивалот Гран при  за најдобра претстава , наградата за режија и наградите за најдобра  женска и машка улога. Годинава фестивалското жири е во состав Владимир Милчин  претседател и  Маја Љутков и Ненад Витанов  членови.

Фестивалот ќе биде затворен со целовечерен концерт на Ансамблот „Танец“ со програма „75 години Македонски КОД“.

Tags: ИФАД „Стоби“
Next Post

Во Управниот суд промовиран системот за аудио и видео снимање на судски расправи

НАЈНОВО

ЕУ интеграциите меѓу резолуции и блокади

September 1, 2025

Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

September 1, 2025

Завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk