ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Албанската опозиција повторно предизвика тензии пред албанскиот Парламент

October 3, 2024 14:20
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: ФБ на  Демократската партија

Фото: ФБ на Демократската партија

Share on FacebookShare on Twitter

Албанските опозициски демократски пратеници и денеска предизвикаа тензична ситуација, овој пат пред собраниската зграда, откако на исклучените пратеници, поради понеделничкото насилство, не им беше дозволено да влезат во објектот.

Дваесет и четирите исклучени пратеници од опозицијата, пристигнаа пред Собранието час пред почетокот на пленарната седница, се обидоа да влезат, но беа спречени од припадниците на националната гарда, и откако им се придружија и другите сопартијци се судрија со гардистите, кои сепак не дозволија влез.

И покрај вербалните напади кон нив, пратениците од владејачкото мнозинство влегоа во собраниската сала и ја одржуваа седницата. Во салата присутни беа 71 пратеник, а столиците, сега обновени, за опозицијата останаа празни.

По тензиите и судирите со гардата и мнозинството, опозицијата постави кукли со ликовите на премиерот Еди Рама, неговиот брат Олси Рама, поранешниот министер за внатрешни работи, Фатмир Џафај и неговиот брат Герон Џафај.

Пратеникот Фламур Нока, генерален секретар на Демократската партија поранешен министер за внатрешни работи,  куклите ги полеа со бензин и ги запали, исто како што се случи со пратеничките столчиња во понеделникот. Изјави дека ова го прават како „гест на граѓанска непослушност“.

-Го направивме овој гест на граѓанска непослушност, потоа ќе бидеме цело време во акција. Им благодарам на медиумите што ја покриваа оваа акција на опозицијата како еден од облиците на борба за демократија во оваа земја, рече Нока.

Инаку, вчера доцна попладне Секретаријатот за етика при албанскиот Парламент донесе одлука, со која, пратениците кои предизвикаа хаос во салата и запалија столици пред собраниската зграда, ги исклучи од работата од 10 дена до два месеца.

Почнувајќи од денеска два месеца се казнети Фламур Нока, Газмент Барди и Бледион Налбати. За пратеникот Еди Палока оваа казнена мерка е 10 дена, додека други 20 се исклучени 40 дена.

Tags: Албанска опозицијаАлбанскиот парламенттензии
Next Post
Фото: X

Русија со 105 дронови нападна 15 украински региони, украинските сили собориле 78

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk