ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Дали „Conti“ e новата пирамидална измама во Македонија?

October 6, 2024 09:04
in АНАЛИЗИ, БИЗНИС, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

„Conti“претставува платформа(апликација) која на корисниците им нуди заработка преку гледање видеа. Навидум лесен и безазлен начин да се заработат пари, позади кој можеби се крие нова порамидална измама. Апликацијата функционира околу една година. Се заработуваат високи суми, но од вчера многу македонски граѓани се жалат дека се излажани и дека ги изгубиле парите. Од пред неколку дена, групата на „Телеграм“ која има околу 14.000 македонски членови, почнува да згаснува, а корисниците повеќе немаат приливи на Бајненс платформата за тргување со криптовалути. Голем дел од членовите на групата се со салдо нула. Дел од нив за да стигнат до заработувачка подигнале и кредити, пишува Трн.мк.

За да може да заработувате преку Conti, треба да си купите пакет. За да може сумите кои се заработуваат да стануваат се поголеми, платформата бара од вас да инвестирате одредена сума на пари, кои потоа треба да ги вратите и да заработите многу повеќе. Заработките на платформата се остваруваат со лајкување на содржини неколку пати во текот на денот. Со лајкувањето вие заработувате кредити, кои потоа може да ги размените за пари. Парите ги добиваат на онлајн платформата Бајненс, а потоа во менувачница можат да ги подигнат во било која валута, во рок од 25 дена

Conti нуди пакети почнувајќи од 50 до 3000 долари. Добивката од „еден клик“ и колку „работни задачи“ ќе добиете во текот на денот зависи од тоа кој пакет го имате купено. Пакетите траат до 75 дена и ветуваат заработка до три пати повисока од вложената сума.

Пребарувајќи на интернет за платформата не може да се најдат многу податоци, бидејќи таа најчесто работи преку Telegram и функционира со препорачување на пријатели и идни корисници.

Граѓаните се регистрираат на апликацијата и се зачелнуваат во Телеграм групата. Со цел да почнете да заработувате, мора да купите еден пакет. Задачите се гледање и лајкнување на трејлери за холивудски филмови, преку нивната апликација.

Како и во секоја пирамидална шема, граѓаните се мотивирани да регрутираат нивни пријатели на апликацијата, за што добиваат бонус во зависност од пакетот кој ќе го купат регрутираните пријатели, плус процент од нивната идна заработка.

Според сведоштвата, голем број на граѓани изминатиов период заработиле од апликацијата, но во последните денови на социјалните мрежи има се повеќе кои обвинуваат дека се излажани. Согласно правилата на апликацијата, за исплата од платформата до вашата крипто сметка се чекало до 72 часа, но граѓантие пријавуваат дека не ги добиваат средствата и по истекот на овие 72 часа.

Тоа што е заедничко на оваа со останатите слични интернет измами е што граѓаните заработуваат големи суми на пари од активности и задачи кои не носат заработка за платформата или доколку носат, таа не е ни приближно голема колку „заработката“ која наводно ја имаат жртвите. Трејлерите за холивудските блокбастери се јавно достапни видеа објавени на интернет, за кои филмските студија не мора да молат и плаќаат за гледаност.

На интернет, ваквите шеми се познати како „pig butchering“. Тоа значи дека измамниците користат скрипти за да ги „здебелат“ нивните жртви, добивајќи ја нивната доверба во период од денови, недели, а понекогаш и месеци, пред да ги „заколат“, односно да ги земат нивните пари.

Тоа значи дека измамата започнува невино, со нормален разговор и првичните задачи се навистина наградени. Корисниците кои ги исполнуваат задачите добиваат кредити, кои навистина се разменуваат за реални пари, со што ги мотивира да инвестираат повеќе, но и да ја препорачуваат платформата на своите роднини и пријатели.

Таквото „дебелеење“ со оваа измама трае се до еден момент, кога тие што ја водат измамата ќе одлучат дека е доволно и тогаш наеднаш ќе ги „заколат“ сите жртви, заминувајќи со парите.

Доколку ги погледнете оценките на апликацијата на Google Play Store, ќе забележите дека Conti претходно била активна во други земји, а корисниците опишуваат дека преку апликацијата изгубиле огромни суми на пари. Излажаните граѓани пишуваат дека на почеток се функционира добро, но по некое време ви ги земаат парите.

Кој стои зад Conti?

На веб страницата на Conti како контакт адреса стои лондонска адреса на зграда која издава евтини канцеларии на мали фирми, меѓутоа доколку се разгледаат профилите на социјалните мрежи на Conti може да се види дека тие се базирани во Кина и Обединетите Арапски Емирати.

Фејсбук страницата на Conti е формирана во јули 2023 и е управувана од две лица со локации во Кина и Обединетите Арапски Емирати. Инстаграм профилот е малку постар, креиран во август 2016 година, долго време пред да постои Conti.

Овој профил своето име го променил три пати, а според податоците на Мета профилот е базиран во Кина, а не во Велика Британија, како што тврдат. Нивниот X (Твитер) профил исто така е постар, од јануари 2014 година, а слична е и ситуацијата со Јутјуб профилот, кој потекнува од 8 јуни 2021 година, што само укажува дека веројатно ваквите профили се користени за други активности претходно.

Апликацијата Conti Entertain на Google Play Store е ставена од Умар Музамил и тоа е единствена апликацијата од овој профил.

Апликацијата беше повлечена од Apple AppStore неодамна, па корисниците на Ајфон апликацијата може да ја симнат само со директен линк, кој се споделува во Телеграм мрежата.

Фирмата во Велика Британија е регистрирана како Conti International Culture Limited во јули 2023 година, а како директорка и единствена сопственичка е наведена извесна Аманда Невил, родена во јули 1996 година.

Conti е лесен начин да се заработат пари и исто толку лесен начин да се изгубат. Не е прв пат во земјава да се појават ваков тип на измами.

Во 2022 година преку пирамидалната шема „Биг Комерц“, илјадници граѓани беа измамени на сличен начин како и со Conti, и тогаш користејќи ја контроверзната апликација Бајненс.

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи тогаш апелираше до граѓаните внимаат на овие апликации и да не наседнуваат на ветувања за големи приходи заработени на ваков начин.

Преземено од Трн.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Конти

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маратонката Поп Арсова обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика „Токио 2025“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk