ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Куќите на Захариева во Софија и на Халкидики ги заинтригираа европратениците

October 6, 2024 11:40
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Две куќи во сопственост на кандидатката за еврокомесарка за истражување и иновации, Екатерина Захариева и на нејзиниот сопруг Ангел Захариев, што се наоѓаат во Бугарија и Грција, предизвикаа посебен интерес кај европратениците, членови на Комитетот за правни прашања (ЈУРИ) на ЕП, кој во четвртокот почна со разгледување на доставените декларации за имотната состојба на кандидатите за членови на новата Европска комисија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што јави „Еурактив Бугарија“, повикувајќи се на извори во Европскиот парламент, во декларацијата на Захариева, меѓу другиот имот, наведени се и куќа во Софија од 484 квадратни метри изградена во 2018 година на парцела од 600 квадратни метри купена во 2007 година, како и „вила со студија“ од 200 квадратни метри на грчкиот полуостров Халкидики изградена во 2019 година на земјиште стекнато во 2008-та.

Захариева уште изјавува и дека на тековната сметка има околу 61.000 евра, заштеда од 38.000 евра и имот во сопственост на компанијата на нејзиниот сопруг, „Анзак инвест“ вреден  292.777 евра.

Таа во својата декларација посочува и дека во периодот 2017-2023 година во пет наврати била ангажирана како проект-менаџер во траење од по два месеци, но не прецизира за какви проекти станува збор.

Според „Еурактив Бугарија“, кај европратениците интерес привлекол фактот што нема објаснување за потеклото на средствата за изградба на недвижностите, кои се изградени во периодот кога Захариева беше бугарска министерка за надворешни работи, од 2017 до 2021 година.

Името на Захариева се поврзуваше со неколку афери, меѓу кои и таа од 2018 година за илегално издавање на бугарски државјанства за паричен надомест.

Согласно процедурата, ЈУРИ има право на кандидатите за еврокомесари да им постави и дополнителни прашања поврзани со наводите во декларациите, пред да донесе конечна одлука дали постои судир на интереси за нивниот избор. Крајниот рок до кој Комитетот за правни прашања на ЕП треба да се изјасни за тоа е 18 октомври.

Но, во декларациите претходно доставени до бугарската антикорупциска комисија во периодите кога била избирана за државни функции, Захариева дава подетални податоци за имотот што го поседува.

Така, во декларацијата од 2016 година, кога беше избрана за вицепремиерка и министерка за правда, Захариева пријавува три стана во Софија, стекнати во 2005, 2008, 2009 година, од кои два се во заедничка сопственост со нејзиниот сопруг, а третиот е само нејзин.

Станот што е само во нејзина сопственост е купен во 2005 година за 26.000 евра, тој во 2009 од 94 квадратни метри за 105.000 евра, а станот од 62 квадрати, стекнат во 2008 година, за сума од само 11.500 евра.

Покрај ова, Захариева пријавила и дека поседува половина од продавница во бугарскиот град Пазарџик, купена во 1996 година за 38.200 евра.

Во оваа декларација за сопругот Ангел Захариев, Захариева пријавил дека поседува банкарски депозити во Бугарија во вредност од 75.000 евра и 15.000 долари.

Во друга декларација до бугарската антикорупциска комисија од 2018 година, кога во Бугарија стана задолжително пријавување и на приходите, Захариева пријавила дека таа има приход од околу 33.000 евра, а нејзиниот сопруг од околу 105.500 евра. Во оваа декларација Захариева пријавила и дека продале половина од парцелата на Халкидики за речиси 58.700 евра.

Во декларацијата од 2021 година, пак, покрај веќе претходно наведените имоти, Захариева пријавила и дека во периодот од 2019 до 2021 година остварила приходи од 115.000 евра, главно од плати, а нејзиниот сопруг од  272.500 евра. Во оваа декларација таа наведува и дека нејзиниот сопруг им дал три позајмици на приватни лица во вкупна вредност од 175.000 евра, од кои најголемата изнесувала 134.000 евра. Имињата на овие поединци не се наведени.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕПЕУзахариева
Next Post

Сореца: БиХ го активираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk