ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

За зачестените убиства и пукање по улиците, МВРО – ВМРО го обвини ланскиот снег

October 7, 2024 10:59
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Додека власта речиси секој ден најавува зголемена сигурност и безбедност на граѓаните и решителна бoрба против (организираниот) криминал и дека кримиминалците ќе се најдат зад решетки, всушност, нов вознемирувачки случај на пукотници на улиците на главниот град ги вознемири Скопјани.

Вчеравечер беше повредено 19 годишно момче од скопската населба Чаир откако во него било пукано од возило. Со четири прострелни рани повредениот бил пренесено во старата градска болница „Свети Наум Охридски“, од каде информираат дека е во стабилна здравствена состојба.

Од МВР следуваат вообичаенитештури соопштенија: полицијата работи на расчистување на случајот и трага по сторителот, додека чаршијата ги прераскажува своите верзии на настанот.

Ова е втор пат за еден неполн месец млад човек да биде жртва на огнено оружје, откако во септември исто така во пукање беше повредено уште едно младо момче.

Состојбата веќе е  и повеќе од алармантна, и се влошува од ден на ден. За само два месеца имаме десетина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, командири, општински функционери и други. Уште поалармантна е состојбата со убиствата или обидите за убиства во Северна Македонија. Како што веќе предупреди ЦивилМедиа, ова се денови на опасно живеење во нашата земја.

Ветувањата на Владата и министерот за внатрешни работи за справување со криминалот се распрснуваат како меур од сапуница. И наместо да ги засукаат ракавите и да се фатат за работа, Владината одн. партиската ПР служба, преку соопштенија, кои наликуваат како да ги издала опозициска, а не владејачка партија, се прогласува за ненадлежна, а за проблемот го обвинува ланскиот снег.

Откако опозициската СДСМ, по пукотницата во Чаир, која според нив сведочи за целосната неспособност на министерот за внатрешни работи, Тошковски, и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека МВР со министерот Тошковски е празник за криминалците, и секоја вечер во нашите градови има нови инциденти, пукања, насилство и криминал, а Скопје наликува на Дивиот запад, побара оставка од Тошковски, потсетувајќи дека на пукањето во Чаир, му предходеше едно во Арачиново, се случи убиство кај Мавровка, а пред тоа пукања имаше и во Синѓелиќ, Батинци, Тетово, и на Пластичарска улица, а за сите овие инциденти сторителите не се пронајдени.

Дали Мицкоски ќе покаже храброст и ќе го повика Тошковски на одговорност, или повторно ќе застане во негова одбрана, прашаа од најголемата опозициска партија, на што реплицираше ПР службата на МВРО- ВМРО, во стилот на комшика секогаш расположена за кавга, наместо да си го среди својот двор, амнестирајќи се од одговорност вината ја префрла на предходната власт, дека сегашните престрелки на разулавените банди низ Скопје е директно масло на односите на СДС(М) со скопското подземје и завојуваните групи чија моќ во време на СДС(М) порасна а бизнисите цветаа, и спомнуваат заборавање и паметење на дрога по скопските улици, наводни должничко доверителски односи на врвот на СДС(М) со дилерите, рекетарите и убијците за што, според нив сведочат фотографиите на учесниците.

Кога веќе зборуваме за меморија, она што спин мајсторите на МВРО –  ВМРО го забоораваат се токму фотографиите од ослободените затвореници (нивни приврзаници) од директорот за издржување санкции, сопартиец на Панче, кои слободно се шетаат и се сликаат на средби со босови на нарко картели, и дека беше ослободен од кривично гонење телохранителот на Мицкоски, кој во февруари натепа колега полицаец кој бил во акција за сузбивање на трговија со дрога во еден ноќен клуб во Скопје.

И, како што самите велат во нивното соопштение, Народот памти… и тркалото се врти, џабе ви е колку и да си ја ишкате мувата.


Текстот е личен став на авторот. Преземено од Цивил Медиа
Next Post

Уставниот суд в среда на седница за конечна одлука за „балансерот“

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk