ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ воспостави нова рамка на санкции за „руските дестабилизирачки активности во странство“

October 8, 2024 12:47
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ

Европскиот совет денеска воспостави нова рамка за рестриктивни мерки поврзани со „дестабилизирачките активности на Русија во странство“, која треба да и овозможи на Унијата таргетирање на поединци и субјекти вклучени во активностите и политиките на руските власти за поткопување на основните вредности на ЕУ и на безбедноста, независноста и интегритетот на државите членки, трети земји и на меѓународни организации.

– ЕУ од сега ќе може да се справува со различни хибридни закани, како што се поткопување на изборните процеси и на функционирањето на демократските институции, закани и саботажа на економските активности, услугите од јавен интерес или критичната инфраструктура, употреба на координирано ширење на дезинформации, манипулации со информации и странско мешање, злонамерни кибер акции, инструментализација на мигрантите и други дестабилизирачки активности, се наведува во соопштението.

Одлуката е донесена на предлог на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, како дел од одговорот на Унијата на континуираната кампања на хибридни активности од страна на Русија, чиј интензитет, според оценките на Брисел, од неодамна се зголемени преку нови операции на европско тло.

Согласно правилата на оваа нова рамка, санкционираните ќе подлежат на замрзнување на имотот, а на граѓани и компании од ЕУ ќе им биде забрането да им даваат средства на располагање. Дополнително, на стационираните физички лица ќе им биде изречена забрана за патување, влез или транзитираат низ територијата на ЕУ.

Со Стратешкиот компас за безбедност и одбрана, одобрен од Европскиот совет во 2022 година, е предвидено создавање на механизам на хибридни алатки на ЕУ, што ќе ги обедини постоечките и можните нови инструменти за откривање и одговор на широкиот опсег на хибридни закани. Овој механизам е оперативен од декември 2022 година.

На 21 мај годинава, Советот на ЕУ усвои заклучоци во кои се посочува дека „државни и недржавни актери се повеќе користат хибридни тактики, кои претставуваат растечка закана за безбедноста на ЕУ, нејзините земји членки и партнери“ и се повикуваат институциите на ЕУ и земјите членки да ги зајакнат активностите за следење на обидите на странски актери за мешање во демократскиот процес на ЕУ.

Во заклучоците, пак, на Советот од 27 јуни годинава се осудуваат „сите видови хибридни активности, кои се во пораст и се насочени кон ЕУ, нејзините земји членки и партнери“ и се повикува на воспоставување нов режим на санкции поврзани со хибридните закани.

Tags: ЕУРусијасанкции
Next Post
куче

Истражување: На кучето треба полека да му се говори

НАЈНОВО

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk