На вториот ден од Подготвителниот форум за граѓанско општество и тинк тенк форум 2024 во Берлин се зборува за иднинат на Западен Балкан, можностите и предизвиците.
Форумот се одржува одд 9 до11 октомври, а домаќини се Здружението на Југоисточна Европа и Институтот Аспен Германија, со дарежлива поддршка од германското федерално министерство за надворешни работи.
На денешниот форум се зброрвува за евроинтеграциите и Берлинскиот процес, и резултатите од работната група што претходно се одржа во Скопје. На панелот Војчех Ковалски, советник за Стратегија за Западен Балкан во Европската Комисија, кој истакна дека Берлинскиот процес не е креиран за проширување туку е наменет за соработка со регионот.
Денеска ќе се зборува и за „Родот и различноста“, односно за родовата еднаквост и кои се перспективите и предизвиците. До крајот на Форумот ќе се зборува и за „Справување со минатото и помирување“ е исто така суштински панел за форумот, кој е придружен со панели за „Дезинформации и сајбер закани“ како и „Млади перспективи – како да се направи разлика?“
На 10-годишнина од Берлинскиот процес, Здружението на Југоисточна Европа и Институтот Аспен Германија нарачаа студија за мапирање на иницијативите, декларациите и другите резултати од Берлинскиот процес.
Преземено: Цивил Медиа
(ВО ЖИВО) Форум на НВО и тинк-тенк организациите во Берлин: 10 години Берлински процес