Политичкиот аналитичар Бесим Небиу вели дека најавеното ново законското решение за правична застапеност на етничките заедници би требало да донесе повисок степен на објективност во определувањето на етничката припадност, т.е. тие што се припадници на одредена заедница да не мора да ја променат својата припадност, само за да поминат на конкурс.
– Еден начин за тоа е воведување на сертификација за познавање на јазик. Завршено образование на тој јазик или серификат за испиот би можеле да бидат такви докази, на пример. Ако кандидатот се декларира како Албанец, треба да достави доказ дека го користи албанскоот јазик на деловно ниво. Исто така, мислам дека законот не треба да балансира вертикално на ниво на секое работно место или работна единица, туку да го урамнотежува системот хоризонтално, давајќи време и простор да се постигне рамнотежа на ниво на целата јавна администрација. Притоа, мислам дека е битно праведното претставување да биде запазено на ниво на сите степени на хиерархија во јавната администрација, вели Небиу за „Фронтлајн“.
Според политичкиот аналитичар и правник по вокација, Ќенан Алиу, законот ќе треба да обезбеди друга методологија со контролни механизми за евентуални злоупотреби.
– Правичната и соодветна застапеност е една од темелните вредности на уставниот поредок и мора да се спроведува, нагласи тој.
Д. Јонузи