ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

НЕ во ЕУ: Исполнување на ултрадесничарската агенда

October 16, 2024 14:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ(фото: Б. јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ(фото: Б. јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Откако Албанија „се ослободи“ од македонскиот „баласт“ и со полни едра исплови кон ЕУ, политичарите од сите бои и нијанси кои виреат во Скопје добија шанса да ги продолжат своите апсурдни битки со замислените непријатели од кои ја бранат македонштината, гордоста и вековноста. Многу е јасно дека последиците од тие битки со замислените непријатели ќе бидат многу реални.

Во тој контекст, добро е да се повтори и да се запомни дека ништо од ова што се случува сега не е ново. Никој не треба да се изненадува од тоа што се случува сега, бидејќи ниту вмровците, ниту главните ликови во таа партија не се паднати од небо, ниту се некој мал облак од кој ненадејно се истурил топол дожд во јулско попладне. Изборите во април и мај си беа спроведени, општо земено – океј, гледано барем од технички-административен аспект. Во поглед на законитоста во спроведувањето на изборите, може да се каже дека имаше голем број мали пропусти, но и тоа не е за изненадување, имајќи предвид дека Изборниот законик досега претрпе, ако добро бројам, 37 измени. Измените обично се усвојуваат премногу доцна, спротивно на долгогодишните препораки од ОДИХР. Но кому воопшто му е грижа за тоа? Па изборите се далеку зад нас, а земјата веќе живее радосно и гордо во новата ера (со брзи и сигурни чекори кон минатото).

Мицкоски, 13-тиот македонски премиер, нема зошто да се грижи за својата иднина. А за иднината на земјата што ја води неговата влада, нека се грижи некоја друга влада, во некоја друга иднина, неизвесна или – непостоечка. Изборите и, може да се каже, општеството во целост им даде на радикалите, насилниците, опортунистите и незнајковците бришан простор да прават буквално сѐ што им е потребно ним: власт и пари. Значи, сѐ што им треба ним, а не на општеството и државата. Се разбира и парче леб, покрив над глава и шарени лаги за мир во душата на сите што се покорни и послушни. Останатите добиваат статус на внатрешни непријатели, односно боксерска вреќа.

Агендата на владејачката партија и низа други помали политички партии е вкоренета во нивното политичко дејствување и се состои во отфрлање и уништување на демократските вредности. Тоа во сите можни варијанти значи блокирање на европската иднина.

Не знам дали треба посебно да се елаборира дека вмровското НЕ воопшто не е ново. Антиевропскиот курс на ВМРО и другите десничарски и ултра десничарски партии на чело е очигледен со децении. Тоа што го гледаме денес е само продолжение на политиката, прво во жолтата куќа во центарот на градот, врз чии темели изникна белата грдосија, седиште на една од најбогатите политички партии во Европа. Нивниот поранешен лидер, Груевски, 11 години се смешкаше и им велеше ДА на ЕУ и САД, но во реалноста направи буквално сѐ што може да направи еден авторитарен режим да ја изолира земјата и да ги оневозможи евроатлантските интеграциски процеси.

Мицкоски и неговите следбеници и политички сојузници го кажаа своето НЕ, БЛАГОДАРАМ за евроинтеграцискиот процес уште во јули, 2022 година. Неговиот вокабулар со години не е променет воопшто. Ако ја погледнеме неговата прес конференција на 1 јули 2022 година. Веројатно, јавноста се сеќава на насилните протести против, како што го нарекоа „францускиот“ предлог што избија веднаш по прес конференцијата на Мицкоски, кога беа повредени неколку десетици полицајци, а не изостанаа ни екстремно националистичките слогани „Гасни комори за Шиптари“ и „Чиста Македонија“.

Суштината на пораките на партијата што сега е на власт, се идентични со оние во изборната кампања на претседателските и парламентарните избори во април и мај, 2024 година. За тоа гласаа мнозинството граѓанки и граѓани на Северна Македонија. И, да не се лажеме, тие што се во коалицијата на власт, сега се сојузници на партијата што велеше НЕ за ЕУ со години наназад. Велеше НЕ и за НАТО претходно, вложувајќи максимални напори – заедно со отворено проруската ултрадесничарска Левица – да го блокира Преспанскиот договор.

Да издвоиме две поенти овде: Не се неважни фактите што говорат за долгогодишната, непроменета агенда на ултрадесничарите за блокирање на европската иднина на земјата. И – за тоа гласаа повеќе од доволно гласачи на изборите, за таа агенда и да се исполни.

Реториката на Мицкоски не е само политички став – тоа е опасна игра која ризикува да ја повлече Северна Македонија од нејзиното вистинско место во евроатлантската заедница. Неговите антизападни наративи, обвиткани во многуслојна кампања за јакнење на националистичките сентименти и тврдења засновани на лаги и антизападни наративи, се идентични на тактиките што ги користат авторитарните режими во регионот и низ Европа. Доколку не се разобличи, овој пристап ќе ја фрли земјата во изолација, ќе ги уништи придобивките од демократските процеси и сериозно ќе ја загрози стабилноста што ја гарантираат сојузите на демократскиот Запад.


Текстот е личен став на Авторот. Извор: ЦивилМедиа

Овој текст содржи делови од анализата под наслов „Мицкоски ги исполнува ветувањата: Напред кон минатото!“, објавен на 7 октомври.

Мицкоски ги исполнува ветувањата: Напред кон минатото!

Next Post

Обвинетиот Велибор Манев го посочил местото на убиството на Панче Жежовски, сведочеше екс началник од Велес

Shortcut

Најново

Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk