ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Управата за финансиско разузнавање предупредува: Внимавајте на фиктивни инвестициски платформи кои нудат брза заработка и вложувања во крипто-средства

October 17, 2024 10:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Внимавајте на фиктивни инвестициски платформи кои нудат брза заработка и вложувања во виртуелни односно крипто-средства. Менувачниците задолжително да го применуваат Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во целост“, апелираат од Управата за финансиско разузнавање. Во период на зголемени рекламни активности на социјалните мрежи поврзани со т.н. „платформи за остварување на брза заработка преку интернет“, Управата за финансиско разузнавање како надлежна институција основана за целите на прибирање и анализа на извештаи за сомнителни трансакции и други информации од значење за спречување и откривање перење пари и финансирање на тероризам, се придружува на апелите од страна на останатите надлежни органи и ги предупредува граѓаните да бидат внимателни со сопствените парични средства и навремено да препознаат фиктивни измамничко-инвестициски платформи, односно да не инвестираат во ваквите платформи и апликации. Од друга страна, имајќи предвид дека голем дел од граѓаните се стекнаа со крипто-средства преку давателите на услуги поврзани со виртуелни средства во нашата држава (најчесто локални менувачници во државата кои се задолжени да применуваат мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање на тероризам), ги повикуваме истите да не ги поттикнуваат и да не им помагаат на граѓаните во вршењето на трансакции, односно депонирање на крипто-средства кон ваквите потенцијално измамнички апликации.

„Ги повикуваме граѓаните да се запознаат со т.н „Измамнички апликации со задачи“ или Тask-scam Apps кои преставуваат вид на измама каде што измамниците ги примамуваат жртвите со ветувања за лесни и брзи заработки преку едноставни задачи, при што со истите се стекнуваат со заработка во форма на крипто-средства. Измамите се состојат во тоа што иницијално жртвите на измамите се контактирани од т.н регрутери или претставник на апликацијата или пријатели, а заработката се обезбедува со мали задачи кои се лесни за завршување и нуди непосредни, мали исплати. За почеток најчесто е потребен иницијален депозит во форма на крипто-средства. Апликацијата или платформата функционира одредено време со што има за цел да изгради доверба и да покаже дека можноста за профит е легитимна. Овие апликации немаат реален производ или услуга и преставуваат параван зад т.н пирамидални шеми, односно се финансираат од вложувањето на новите членови. По одредено време организаторите ја згаснуваат платформата, а средствата на лицата коишто ги депонирале во ваквите платформи никогаш нема да имаат можност да ги повратат. Измамата не завршува најчесто тука, туку продолжува во втора фаза односно измама за т.н. „поврат на средства“, каде што организаторите на ваквата платформа уште еднаш ги искористуваат жртвите и ги насочуваат лицата дека преку депонирање на нови средства можат да ги повратат претходно изгубените средства. На тој начин жртвите на измамата се измамуваат по втор пат, а средствата секако нема да им бидат вратени назад“, велат од Управата.

Дополнително, Управата за финансиско разузнавање ги повикува менувачниците за крипто-средства во целост да го почитуваат Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, односно да ги применуваат мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање на тероизам кои вклучуваат изготвување на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам и нејзино редовно ажурирање, воведување и примена на програми за ефикасно намалување и управување со идентификуваниoт ризик од перење пари и финансирање на тероризам, анализа на клиентите односно идентификација на секоја трансакција независно од износот, известување и доставување на податоци, информации и документација до Управата, чување, заштита и водење евиденција на податоци, именување на овластено лице и негов заменик и/или формирање на оддел за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Дополнително од Управата за финансиско разузнавање предупредува граѓаните кои се жртви на вакви измами да пријават во надлежните органи.

Next Post
Скопски џез фестивал

Почнува 43. издание на на Скопскиот џез фестивал

Shortcut

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

June 7, 2026

Александар Зверев го скрши проклетството: Конечно Грен слем шампион со триумф на Ролан Гарос!

June 7, 2026

32 Конгрес на СДСМ: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

June 7, 2026

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

June 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk