Објавено е првото издание на КОЛЕГИУМ – неделна информативна платформа каде што членовите на Редакцијата при медиумската платформа на ЦИВИЛ говорат отворено и остро за сите актуелни теми во земјата, регионот и светот.
„Со овој подкаст, организацијата на ЦИВИЛките и ЦИВИЛите, која во ноември слави 25 години од постоењето, оди уште еден чекор понатаму во својата отвореност за јавноста“, пишува во соопштението на Организацијата.
Се работи за невообичаен потег на тимот на ЦИВИЛ кој реши да ги сподели информациите за тековната работа, како и за плановите на медиумската екипа и на организацијата. Притоа, организацијата ги повикува сите заинтересирани да бидат дел од Колегиумот и да учествуваат во неговата работа со коментари и предлози за теми.
„Бидете дел од нашиот КОЛЕГИУМ и отворете ги прашањата и темите заедно со нас. Споделувајте, коментирајте и предложете теми“, се вели во повикот.
Во првото издание на КОЛЕГИУМ станува збор за повеќе од десет актуелни теми од земјата, регионот и светот:
Како што се вели во најавата на КОЛЕГИУМ, темите за кои се разговара се само еден мал дел од околу 250 наслови што ги објави медиумската платформа на ЦИВИЛ на македонски, албански и англиски во претходните седум дена.
Преземено: Цивил Медиа