ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Под огнот на омразата: Борбата за слобода, вистина и човекови права продолжува

October 24, 2024 13:20
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Повод за овој текст не се нападите и заканите против мене, туку храбрите луѓе кои излегоа јавно со коментари и пораки во моја одбрана.

Кога минатата година, во декември, добив директна закана по мојот живот, мене ми беше јасно од каде доаѓа тоа. Ми беше јасно точно кој стои зад заканата и како е поврзан со центрите на моќта. Мониторинг тимот на ЦИВИЛ откри и повеќе детали и тоа го објави во извештај. Тимот отиде и еден чекор понатаму, па случајот го пријави во МВР и поднесе пријава до Јавното обвинителство. Тогаш, во декември, еден од најблиските членови на моето семејство ми рече дека ќе појде кај човекот што стои зад заканата да го понуди својот живот, за да ме поштеди мене. Можете да претпоставите кој во семејството може да каже такво нешто.

Малку е да се каже дека е непријатно да се живее со мета на грбот. Мета кон која стрелаат „црните тројки“ на пропагандата на радикалните националисти (сите), ултрадесничарите, антизападните и проруските оперативни центри на влијание. Нападите се секојдневни. Чиста омраза и навреди, многу често вулгарни. И многу лаги, ноторни лаги.

Неретко, во нападите има и директни закани со убиство или повици за егзекуција со стрелање, бесење, палење… И така секој ден. Интересно е тоа што голем дел од нападите се добро организирани. Иако на прв поглед се чинат како да ги напишал полуписмен човек, наративите што стојат зад тие пораки се внимателно осмислени. Неретко, нападите се напишани со кодиран јазик. Тоа е јазик со кој најчесто се користат новинарите, водителите и јутуберите, и се состои од навидум неутрални изрази и термини, но кои имаат длабоко негативно значење, а со кои ја наведуваат публиката кон одредени заедници или доведуваат одредени луѓе во врска со тие заедници, за кои, пак, се формирани стереотипи и предрасуди.

Ако ја погледнете содржината на тие пораки, ќе речете дека се противречни едни на други, но треба да се знае дека различни пораки се упатуваат на различни „меури“ во кои се наоѓаат луѓето. Не сите ги следат сите канали на комуникација, туку секој се определува за еден или неколку извори што се совпаѓаат со интересите, убедувањата и ориентацијата на секој поединечен корисник. Но тоа се веќе добро познати работи.

Тоа што сакав посебно да го истакнам во овој текст е дека – по девет месеци (!) – Јавното обвинителство одговори на пријавата за заканата по мојот живот со следните зборови: „се утврди дека објавениот коментар од лицето Александар Антиќ било новинарско препукување, без конкретна намера и цел да се упати закана, ниту да се заплаши било кој, особено не авторот на текстот, Џабир Дерала, како и поради недостигот на докази за точната ИП адреса од каде е објавен коментарот, наоѓам дека, нема место за јавно обвинителско постапување“ (внесов минимални правописни исправки, оригиналот може да се погледне на овој линк, каде што е и извештајот од ЦИВИЛ Дезинфо мониторинг тимот – ЦДМТ).

Овде сакам да им се заблагодарам, пред сè, на сите мои колешки и колеги од ЦИВИЛ, за нивната самопрегорна работа во одбрана на човековите права и слободи, што ги прави и мои бранители. По оваа тревожна одлука на Јавното обвинителство, девет месеци по пријавата (!), со јавни коментари се појавија и проф. Емилија Целакоска, Прволинијашот (Фронтлајн) Јане Ѓорѓиоски и новинарскиот ветеран Зоран Иванов.

„Обвинителот и обвинителството си се само погодија со истиот оној куршум со кој заканувачите пукаа на Џабир“ напиша Зоран Иванов во ЦивилМедиа.

„Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала“ гласи насловот на коментарот на проф. Целакоска, пренесен во ЦивилМедиа.

„Кога куршумот кај и да е ќе те стигне според ОЈО е новинарско препукување“ напиша Јане Ѓорѓиоски во Фронтлајн.

„Одбрана на човековите права и слободата на говор во услови на растечки авторитаризам во Северна Македонија: Случајот на Џабир Дерала“ е насловот на анализата од Хедер Роберсон од Универзитетот Вирџинија, САД.

Сакам да им се заблагодарам најискрено и од срце.

Им благодарам и на сите што во пораки, јавувања и средби ја искажаа својата солидарност.

Горд сум и благодарен на Асоцијацијата на Југоисточна Европа од Германија која ми ја додели Наградата за солидарност 2024 за новинари од Југоисточна Европа.

Горд сум и благодарен и за Орденот за заслуги што ми го додели од Претседателот на Украина, Н. Е. Володимир Зеленски, во 2023 година, за мојата борба против руската воена пропаганда.

Му благодарам и на моето семејство и пријателите кои секогаш имаат разбирање, поддршка и добар збор за мене.

Немам зборови со кои таа благодарност можам целосно да ја изразам.

Ако куршумот некогаш и ме стигне, знам дека ќе заминам со исправена глава и гордо. Без оглед на можеби смешната поза на мртвото тело што ќе бидам насилно принуден да го напуштам. Со себе ќе понесам насмевка и топлина, бидејќи знам дека не сум сам. Борбата ќе продолжи. Тоа е борба за слобода, правда и правичност, вистина, човекови права и слободи… И не се сомневам: Ние ќе победиме!


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: говор на омразаЈавно обвинителствоМВРподдршкасмртни заканисолидарност

НАЈНОВО

Стармер најави состанок во Лондон за „ресетирање“ на односите на Велика Британија со ЕУ

May 16, 2025

Мицкоски вели – стратешкиот договор со ОК ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Украина е подготвена за мир, Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk