ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

РФ користи забранети хемиски супстанции против Украинците

October 24, 2024 14:34
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Флагрантното кршење на нормите на меѓународното право од страна на државата агресор РФ, вклучително на Повелбата на ОН и Женевските конвенции, продолжува и во време, и во простор.

Конвенцијата за забрана на развивање, производство, складирање, употреба на хемиско оружје и нејзино уништување беше додадена на низата конвенции прекршени од страна на РФ.

За време на инвазијата од големи размери на суверената територија на Украина, руската армија незаконски користи хемиска муниција.

РФ против украинските војници користи хлорпикрин – отровен гас што се користел за време на Првата светска војна.

Руските војници користи гранати К-51, кои ги фрлаат од беспилотни летала врз фортификационите објекти на украинските војници, за да ги принуди да се најдат под оган на конвенционалното оружје. Регистрирани се случаи на употреба на импровизирана хемиска муниција со различни хемиски супстанции меѓу кои и хлорпикрин. Најчесто руските окупатори користат гранати од типот К-51, РГР, РГ-В, кои ја содржат опасната хемиска супстанца CS – (хлоробензалмалононитрил). Оваа супстанца спаѓа во групата на надразнувачи, односно борбени отровни материи со иритирачки ефект и истата е забранета со Конвенцијата за хемиско оружје.

Употребата на забрането хемиско оружје од страна на РФ на бојното поле им дава значителни можности на руските агресори да ги истисне украинските војници од сопствената територија.

Земјите-членки на Иницијативата за размена на информации од областа на радијационата, хемиската, биолошката и нуклеарната безбедност и заштитеност во врска со Украина во нивната Изјава (мај 2024 година, г. Прага, Чешка, Изјавата беше поддржана од следните земји-членки на Иницијатива за размена на информации: Канада, Финска, Италија, Норвешка, Шведска, Украина, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави) истакнаа дека како одговор на руската одвратна  и незаконска употреба на хемиско оружје на бојното поле, Иницијативата го прошири нејзиниот опсег во мај 2024 година со цел да одговори на итните потреби на Украина во целиот спектар на радијационата, хемиската, биолошката и нуклеарната безбедност и заштитеност.

Покрај тоа, повеќекратната употреба од страна на Русија на хемиски средства за борба против масовните немири како метод на војување, како и употребата на Русија на друга хемиска муниција против Вооружените Сили на Украина, е грубо кршење на Конвенцијата за забрана на хемиско оружје.

Земјите учеснички во Иницијативата истакнаа дека за време на војната од големи размери на Русија против Украина, изјавите и дејствијата на Русија создадоа сериозна закана за безбедноста на нуклеарните и другите радиоактивни материјали и објекти во Украина, што може да доведе до катастрофални последици за украинското население и животната средина.

Во 2024 година, украинската страна испрати до техничкиот секретаријат на Организацијата за забрана на хемиско оружје десетици обраќања во врска со грубите прекршувања на Конвенцијата за хемиско оружје од страна на РФ.

 

На 8 октомври 2024 година, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска објави одлука за воведување рестриктивни мерки против радијационите, хемиските и биолошките одбранбени сили на Руската Федерација и нивното раководство за употреба на хемиско оружје во Украина.

МНР на Украина истакна дека ова е уште една потврда на фактот дека Руската Федерација, кршејќи ја Конвенцијата за забрана на хемиско оружје, продолжува да врши злосторства поврзани со употреба на опасни хемиски супстанции против Силите за безбедност и одбрана на Украина.

Кремљ, се разбира, ги негира фактите за прекршувањето.

И покрај осудувачката реакција на меѓународната заедница, Руската Федерација продолжува брутално да ги крши нормите на меѓународното право.

Наспроти ова, особено цинични се намерите на руската страна да биде избрана во Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје за периодот 2025-2027 година.

Државата агресор РФ, која систематски ја прекршува Конвенцијата за забрана на хемиско оружје, користејќи отровни хемиски супстанции против украинските Сили за одбрана, прво мора да биде изведена пред лицето на правдата и казнета, а второ, не може да биде избрана во состав на раководните органи на соодветни меѓународни организации, вклучително во Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје.


фото извор: BBC/Ukrainian


Преземено од ЦивилМедиа.
Tags: Женевски конвенцииКонвенција за хемиското оружјеПовелба на ОНРуска агресијаХемиско оружје
Next Post

САД го предупредија Маск дека подарувањето 1 милион долари за регистрирани гласачи може да биде нелегално, во други земји истото се смета за изборен поткуп

Shortcut

Најново

Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

June 7, 2026

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

June 7, 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

June 7, 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

June 7, 2026
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

June 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk