ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата го усвои Предлог-буџетот за 2025 година

October 29, 2024 18:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата денеска на седница го усвои Предлог-буџетот за 2025 година, со кој, како што информира министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска, се поставуваат темелите за стабилизација на јавните финансии и економски раст.

Вкупните приходи во Буџетот за 2025 се планирани на 358 милијарди денари, што е за 13 проценти повеќе од буџетот за 2024 година, додека вкупните расходи се проектирани на ниво на 400 милијарди денари, што е раст од 10 проценти во однос на буџетот за 2024 година.

Економскиот раст е планиран на ниво од 3,7 проценти, буџетскиот дефицит на четири проценти, инфлацијата 2,2 процента.

Буџетот за 2025 година содржи мерки за фискална консолидација и дисциплинирано даночно трошење и мерки и политики за поттикнување на економскиот раст.

–  Креиравме Буџет што треба да носи вистински развој на државата. Капиталните расходи се на ниво од 50,65 милијарди денари, што е раст од 13 проценти или шест милијарди денари во однос на ребалансот на буџетот. На тоа го темелиме развојот, а тоа се одгледува и на фактот што износот на капиталните расходи се повисоки од номиналниот износ на дефицитот, изјави Димитриеска- Кочоска.

Состојбата, посочи Димитриеска- Кочоска, се уште наметнува да штедиме, но внимателно ќе постапуваме за да им овозможиме на институциите редовно извршување на своите надлежности и да испорачаат квалитетни услуги кон граѓаниет и бизнисот.

Со Предлог-буџетот, како што појасни Димитриеска- Кочоска, се креирани политики со кои се поддржува животниот стандард, така за испалта на пензиите и предвиденото зголемување од 2.500 денари се предвидени 105 милијарди денари или за 15 милијарди повеќе од оваа година. За исплата на плати се обезбедени 48 милијарди денари во ставката за плати и 2 милијарди денари дополнително во блок дотации за зголемувањето на платите во образованието, за поддршка на ранливите категории се предвидени 14,5 милијарди денари или 500 милиони денари повеќе, за здравствена заштита се обезбедуваат 5,2 милијрди денари повеќе или вкупно 53,4 милијарди денари. При тоа потенцира дека се намалуваат средства кај непродуктивните трошења, како што се ставките за мебел и возила.

Предлог-буџет за 2025 година треба да биде доставен на усвојување во Собранието.

Tags: буџет 2024Влада
Next Post

Зеколи Шаќири: Експропријацијата на парцели за изградба на Коридорот 8 е над 50 проценти

Shortcut

Најново

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk