ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Аналитичари: Постапките на Мицкоски за Коридор 8 се сосема спротивни од она што го изјавувал претходно

October 30, 2024 08:36
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Од изјавите како опозиционер дека: „Договорот за Коридор 8 е сериозен грабеж, цените се 3 пати повисоки“, до изјавите како премиер дека: „Имаше обид да ме поткупат за Коридорот 8“, премиерот Христијан Мицкоски со изјавата дека: „Како Влада продолжуваме посветено да работиме на реализација на Коридор 8 и 10“, стигна до објавување на ново „ремек дело“.

Политички аналитичари во изјави за Фронтлајн, сметаат дека ова покажува дека изјавите и постапките на премиерот се сосема спротивни од она што го изјавувал претходно.

– Меѓународниот фактор не е заинтересиран за судири, тие имаат големи стратешки цели и имаат направено голема инвестиција во Северна Македонија низ годините. Коридорот 8 е толку голем структурен проект што никој не може да му ја смени насоката и целта. Проектот за Коридор 8 предвидуваат изградба на автопатот Тетово – Гостивар; Гостивар – Букојчан; Требениште – Струга – граничен премин Ќафасан и тоа ја поврзува Македонија со регионот. Овде доаѓа и променетиот став на Мицкоски. Јасно е дека изјавите и постапките на премиерот се сосема спротивни. Изгледа имаме дволичен премиер кој поинаку се изјаснува, а поинаку постапува. Коридорот 8 е голем проект не само за нашата земја, туку и за целиот регион, изјави за „Фронтлајн“, Урим Салиу – политички аналитичар.

Ацо Кабранов – политички аналитичар и новинар вели дека лагите на Христијан Мицкоски и вицепремиерот Александар Николоски околу Бехтел-Енка траеја додека не ја приграбија власта.

– Како и секој друг проект од претходната влада за нив беше промашен и коруптивен. Веднаш по изборите се сеќавате во Скопје се сретна со лобист за Бехтел-Енка контроверзен Американец измешан во многу матни работи. За време на престојот на Мицкоски во САД веднаш по победата пак се сретнал со лобистот и претпоставувам понудата Бехтел-Енка да продолжи да ги гради патиштата во Македонија – добро биле подмачкани за да од криминални за Мицкоски, станат историски проект. Читам и реакциите на опозицијата која договори со Бехтел-Енка да градат а Мицкоски и неговите врескаат дека е историски криминал, реагираат на изјавите на Мицкоски и Николоски дека проектот одеднаш е историски сега кога се гради под нивно владеење. Мене ич не ме чуди ваквото салто мортале во изјавите особено на двоецот Мицкоски и Николоски. Политичарите имаат ѓон образ а овие и повеќе од тоа, вели Кабранов за „Фронтлајн“.

Д. Јонузи

Поврзано: 

Од негатор до реализатор, за Мицкоски и Коридорот 8 станува „ремек дело“!

Tags: Ацо КабрановЕУКоридор 8Урим СалиуХристијан Мицкоски
Next Post

Две директорки осудени за лажни сертификати како на Христовски - Обвинителството мора да постапи, бара СДСМ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk