ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Градоначалниците на Кочани, Виница и Зрновци со заеднички предлози за депонирањето на комуналниот отпад и решавањето на Градската депонија во Кочани

October 30, 2024 15:09
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: Општина Кочани

Фото: Општина Кочани

Share on FacebookShare on Twitter

Изнаоѓањето решенија за проблемите поврзани со функционирањето на Градската депонија во Кочани  беше единствената точка на дневниот ред на состанокот што го одржа градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов со градоначалниците на соседните општини Виница и Зрновци, Миле Петков и Борчо Коцев и со директорите на комуналните претпријатија, информираат од Општина Кочани.

Општина Кочани побара од соседните општини да го стопираат дотурот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани, сѐ до моментот на создавање услови за  нејзино нормално функционирање, односно влегување на механизацијата на фирмата „Ескаваторе“, избран оператор за проектот за воспоставување Регионален систем за управување со отпад од Министерството за животна средина, Министерството за финансии и програмата ИПА 2 на Европската Унија и работа во насока на затворање на Градската депонија во Кочани.

Исто така, Општина Кочани побара од соседните општини во меѓувреме да изнајдат сопствени локации на кои, со одобрение на Министерството за животна средина ќе може да се депонира отпадот што се создава на нивната територија.

Општините Виница и Зрновци предложија, по нормализирањето на работата на Градската депонија во Кочани,  да учествуваат со финансиски средства за обезбедување 24-часовна чуварска служба, како и за обезбедување механизација и фирма за одржување на депонијата.

Општина Кочани бара од Министерството за животна средина кофинансирање за одржување во функција на Градската депонија во Кочани, поради неможноста КЈП „Водовод“ – Кочани да се справи со дополнително наметнатите финансиски трошоци произлезени од проектот за воспоставување Регионален систем за управување со отпад.

По предлозите и заклучоците од денешниов состанок треба да се произнесе и Министерството за животна средина, сѐ со цел да не дојде до загрозување и прекинување на реализацијата на европскиот проект за управување со отпад.

Tags: депонијаКочаниотпад
Next Post

На Фуџи сè уште нема снег

Shortcut

Најново

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk