На вчерашната седница за пратенички прашања не видовме одговори, туку пинг-понг препукувања. Во Македонија владее висока тензија и општествена поделеност која се рефлектираше и на вчерашната седница. Темите како што се уставните измени, евроинтеграциите дополнително ја подигна тензијата и негативната атмосфера во Собранието, вели аналитичарот Петар Арсовски за ЦИВИЛ Медиа, по вчерашните први пратенички прашања во Собранието на новиот парламентарен состав.
Тој додава дека на вчерашната седница имаше многу остра реторика и остри одговори на премиерот Мицкоски, но исто така имаше и остри прашања од пратениците на опозицијата.
Арсовски заклучува дека во иднина треба да се спушти нивото на тензија во Собранието за да имаме плодна и демократска дебата, во која ќе има прашања и одговори.
Дехран Муратов / Цивил Медиа