ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

ЕУ бара изгласување на уставните измени, Мицкоски ги одложува

November 1, 2024 17:58
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија треба да ја исполни обврската за завршување на уставните измени, за да продолжи со преговорите и истовремено да го забрза темпото на спроведување на реформите, бидејќи не бележи значителен напредок, се вели во извештајот на Европската комисија за Македонија.

Друга слаба точка во извештајот е недостигот на судска доверба, додека борбата со корупцијата и организираниот криминал, што е подвлечено во извештајот без напредок, останува загрижувачка за Европската комисија.

– Извештајот од три четвртини се однесува на периодот од 2023 до изборите, а само еден мал дел се однесува на тоа што е направено во последните сто дена. Во таа смисла се констатира дека државата сè уште не ги усвои уставните измени во однос на статусот на бугарското малцинство во Македонија. Од друга страна, се истакнува сè уште проблемот на корупцијата и отсуството на владењето на правото. По однос на барањето на премиерот Мицкоски да дојде до промена на Уставот со одложена примена, да се гарантира дека нема да има било какви нови услови од страна на Бугарија – извештојот не навлегува длабоко во оваа тема, но се цитира реченицата на Урсула фон дер Лајен дека: „младите никогаш нема да ни простат ако не направиме Северна Македонија да биде дел од Европската унија“, вели за „Фронтлајн“, Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО.

Покрај усвојувањето на уставните измени во Извештајот се нагласува потребата од спроведување на билатералните договори со соседните земји, односно на Договорот од Преспа и на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Во документот се повикува и на интензивирање и на темпото на реформи поврзани со приближувањето кон ЕУ, пред се на зајакнување на владеењето на правото, зголемување на довербата во правосудниот систем, како и на спроведување на истрагите, гонењето и конечното завршување на долготрајните судски процеси поврзани со „лица од висок профил“.

Дестан Јонузи

Tags: ЕУНано Ружинуставни измениХристијан Мицкоски
Next Post

Уапсена инспекторка од Куманово при примање мито

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски за Груевски: Доколку се појави во Македонија, ќе оди во затвор

April 14, 2026

Мицкоски: СДСМ живее во свет на лаги и конструкции, реалноста ги демантира

April 14, 2026

Поевтинуваат дизелот и бензините, РКЕ со нова одлука

April 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Фронтлајн на Фејсбук

    ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орбановиот пораз како опомена за Македонија  

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk