ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Мицкоски ја прогласи Сања Божиновска за голема Македонка, ги помножи со нула сите Македонци без бугарски пасош

November 1, 2024 13:55
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

 Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски, кој од собраниската говорница го праша дали знаел дека министерката Сања Божиновска своерачно потпишала дека имала бугарска самосвест, како по обичај, избегнувајќи директен одговор на поставеното прашање,  ја прогласи министерката Божиновска за поголема Македонка од сите нив (пратеници на СДСМ) заедно.

Навистина? Низ која искривена призма се протега светогледот на Мицкоски? Дали е до диоптријата, или како што инсинуираат некои пратеници во законодавниот дом, замаглената слика на реалноста низ очилата на премиерот се должи на алкохолните испарувања?

Доколку со ваквата изјава Мицкоски мислеше да ги навреди пратениците на СДСМ, тој всушност ги посипа со пепел сите Македонци кои не извадиле бугарски пасош и не се пишале као Бугари. Не дека немале и тие економска потреба, како Сања Божиновска, едноставно решиле дека националната припадност и македонското потекло им е поважно од економските потреби, и не вреди да си го пр(е)одадат за разно разни олеснувања, како работа во странство, купување половно возило, глумење европски „гражданин“.

Но, ова и не треба да зачудува ако се земе предвид дека „најпатриотската“ партија отсекогаш кокетирала со бугарофилството, величајќи поранешни нејзини „истакнати дејци“ кои не ги криеја своите бугарски чувства. Уште на цел глас пејат дека не бил Гоце Делчев, ниту Даме Груев, туку да ти бил Тодор Александров, додека сликите што им висат по ѕидовите од Ванчо Михајлов, еден од раководителите на ВМРО, контроверзна историска личност во Македонија, нарачател на многубројни политички убиства на македонски дејци, поддржувач на нацизмот и фашизмот, кој независноста на Македонија ја сфаќал исклучиво како бугарска земја, со бугарско мнозинско население, кажуваат повеќе од илјада зборови.

Настрана фактот што Сања Божиновска лажеше, и дека има/нема бугарски пасош, и дека не потпишала изјава дека има „блгарско самочувствие“, и таа, и и нејзиното семејство. За вакво флагрантно „манипулирање“ со вистината, во нормални земји ( демократии) , министер немаше да чека да го разреши премиерот, сам ќе си поднесеше оставка. Но, судејќи според последниот говор на Мицкоски во парламентот, демократијата во земјава е во опасен пад, и како да најави почетоци на диктатура.

Епа Македонче, епа чорба… сркај додека премиерот гордо те множи со нула.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на авторот
Tags: бугарски пасошиПремиерот Христијан МицкоскиСања Божиновска
Next Post

Предлог буџетот за 2025 оди во Собрание, Димитриеска-Кочоска најавува раст темелен на реални инвестиции

Shortcut

Најново

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk