ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Најмалку осум жртви откако се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад

November 1, 2024 15:23
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Осум лица загинаа во уривање на дел од Железничката станица во Нови Сад, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека се повредени повеќе од 30 лица. Инаку, под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани, јавија српските медиуми.

„Ова е еден од најтешките денови во историјата на Нови Сад. Ова е страшна трагедија. Сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите во името на Владата на Република Србија и сите присутни овде. благодарам на сите работници кои помагаат и се борат да ги спасат луѓето кои се под урнатини“, рече премиерпот на Србија, Милош Вучевиќ.

„Ќе инсистираме да се најдат одговорните“, рече Вучевиќ.

Министерот за внатрешни работи на таа држава Ивица Дачиќ изјави:

„Спасувачите беа тука веднаш по добивањето на повикот. Неколку часа подоцна беше во тек спасувачката акција. Со тешка механизација учествуваат повеќе од 80 спасувачи од повеќе градови“, рече Дачиќ.

„Исклучително тешка акција која ќе трае неколку часа. Осум тела се извлечени од урнатините. Две лица во болница кои преживеаја, со тоа што состојбата на едното е доста сериозна. Имаме контакт со две лица кои се под урнатините. “ изјави Дачиќ.

Како што изјави, се комуницира со две лица кои се наоѓаат под урнатините, од кои едното е 14-годишно девојче.

Изведувач на реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, чиј дел денеска пропадна, беше кинескиот конзорциум CRIC&CCCC („China Railway International Co.Ltd“ и „China Communications Construction Company Ltd“).

Објектот беше свечено отворен на 5 јули годинава.

Поврзано:

Најмалку 30 повредени откако се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Next Post
Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

Арсовски: Во Собранието видовме поделеност и пинг-понг препукувања, немаше вистински прашања и одговори

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk