ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Кривична пријава против поранешни вработени во МВР за „злосторничко здружување“, „оддавање службена тајна“, ја користеле познатата SKY/ECC апликација

November 4, 2024 14:39
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за корупција, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.Г.(58), Е.А.(58) и О.П.(44), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „оддавање службена тајна“, „попречување на правдата“ и „противправно стекнување и прикривање имот“, соопшти МВР.

Пријавените Д.Г. и Е.А., како што е наведено во соопштението, во периодот кога биле вработени во Министерството за внатрешни работи, заедно со О.П., се приклучиле на организирана криминална група за која прибавувале, соопштување, пренесување или на друг начин овозможувале достапност на податоци што претставуваат службена тајна.

-Во периодот од декември 2019 година до март 2021 година, знаејќи за постоење на интерес на поголем број на личности за добивање на вакви податоци и службени информации за актуелни криминалистички истражувања, планирани мерки и активности за лишување од слобода, со посебен акцент за податоци дали и против кои личности и од кои причини се спроведуваат оперативни и истражни дејствија, како и дека таквите податоци и информации можат да се прибават со давање на парични награди, се поврзале со оваа криминална група во која имале посебна улога за пренесување службени информации, поврзани со организирани криминални групи инволвирани во извршување на криминални активности од повеќе области, особено на тешки кривични дела, од кои за некои е предвидена и казна доживотен затвор, велат од МВР.

Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК, како што се наведува во соопштението, од октомври 2023 година до јануари 2024 година спроведуваше истрага за македонски државјани, кои како членови на меѓународна криминална група, користејќи ја енкриптираната SKY/ECC апликација договарале и преземале активности за организирање на набавка и пренесување на кокаин од земјите на Јужна Америка до земјите на ЕУ и РС Македонија и учествувале во извршување на други кривични дела, а која заврши со кривична пријава против 16 лица. По поднесување на кривичната пријава, Одделот за криминалистичка полиција продолжи со анализа на податоците добиени од Еуропол и Еуроџаст и во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК обезбедени се докази врз основа на кои е дојдено до сознание дека пријавените ги сториле делата.

-Начинот на кој пријавените ги извршувале делата предизвикало штета врз работењето на државните органи во постапките за кривичен прогон на лица, кои се од значење за јавната безбедност, безбедносните и разузнавачките активности на органите, како и прибирање и пренесување на информации кои не се наменети за јавна употреба, а со чие откривање се намалила ефикасноста на работењето на државните органи. На 03.11.2024, по преземени оперативно – тактички мерки и активности, како и врз основа на наредби од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домовите на лицата, при што се пронајдени и одземени повеќе мобилни телефони, лап – топ компјутер и разновидна документација. Лицата се лишени од слобода, се посочува во соопштението од МВР.

Next Post
Фото: Еди Рама Фејсбук

Градежните работи на патот Елбасан- ГП Ќафасан, кај Струга, се одвиваат според предвидената динамика

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk