ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Германија одбележува 35 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 9, 2024 15:09
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германија денеска со повеќе свечености под називот “Да ја сочуваме слободата“ одбележува 35 години од падот на Берлинскиот, во моменти кога во Украина беснее војна и многумина стравуваат дека демократијата е нападната.

Канцеларот Олаф Шолц, чија коалиција драматично се распадна неделава, денеска изјави дека либералните идеали од 1989 година „не се нешто што можеме да го земеме здраво за готово“.

-Нашата историја и светот околу нас го покажуваат тоа, рече Шолц, чија трипартиска владејачка коалиција се распадна на денот кога Доналд Трамп беше реизбран за претседател, што доведе до политички превирања и принудувајќи ја Германија на нови избори.

Денот 9 ноември 1989 година се слави како датум кога источногерманската диктатура ги отвори своите граници кон Западот по неколкумесечни мирни масовни протести, отворајќи го патот за повторно обединување на Германија и колапс на советскиот комунизам.

Пензионираната Јута Кругер (75) се сеќава на тие важни настани и ја коментираше политичката криза што се случи во пресрет на годишнината: „Срамота е што вака се совпаѓа“.

-Но, сепак треба навистина да го славиме падот на ѕидот, рече таа, поздравувајќи го како момент кога источните Германци можеа да патуваат и „слободата дојде во цела Германија“.

Претседателот Франк-Валтер Штајнмаерденеска ќе отвори настан на „Меморијалот на Берлинскиот ѕид“, во чест на најмалку 140 луѓе убиени при обидот да избегаат од Германската Демократска Република (ГДР) за време на Студената војна.

Вечерва кај Бранденбуршката порта, на патеката на некогашната бетонска бариера која од 1961 година го подели градот, ќе се одржи „журка на слободата“ со музичка и светлосна програма.

Рускиот панк бенд „Пуси Рајот“ утре ќе настапи пред поранешното седиште на источногерманската тајна полиција Штази.

На комеморацијата се поканети продемократски активисти од целиот свет, меѓу кои и белоруската опозициска лидерка Светлана Цихановскаја и иранскиот дисидент Масих Алинеџад.

Говори, перформанси и голема уметничка изложба на отворено ќе го одбележат настанот, кој министерката за култура Клаудија Рот го нарече „еден од најрадосните моменти во светската историја“.

Реплики на плакати од протестите во 1989 година ќе бидат изложени по должината на четири-километарската рута на Берлинскиот ѕид, веднаш до историската зграда на Рајхстагот и познатиот контролна точка Чарли.

Tags: Берлински ѕидГерманија
Next Post

Сијарто: Лажат дека сме изолирани, во Унгарија нема мигранти, ЛГБТ активистите не можат да им го збунат умот на нашите деца

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk