Соочени со константното загадување и уништување на реката Вардар, Центарот за современи уметности Скопје, изработи кратко документарно видео со наслов „Како ја убиваме реката…“, на кое се прикажани канализациите и отпадните води кои се влеваат во реката Вардар од нејзиното извориште во Вруток па се до излезот од Скопје.
„Идејата на ова видео е да ги информираме граѓаните за тивкото долгогодишно уништуивање на нашата најголема река и да се обидеме да ја подигнеме свеста на надлежните (Министерство за животна средина и локални самоуправи) за проблемот со загадувањето на Вардар но и на другите водотеци и езерски басени во Македонија.
Не сакаме и не можеме да се помриме со фактот дека сите наши реки со проток поголем од 3 кубни метри во секунда се декларирани како загадели, значително или екстремно загадени како и со фактот дека нашите езера се борат за спас и преживување, а сето тоа се случува во период на глобално затоплување и претстоечки климатски промени.
Со ова видео посветено на загадувањето на реката Вардар сакаме да потсетиме дека во ерата на глобалното затоплување кога водата станува еден од клучните стратешки и безбедносни ресурси на југот на Европа ние буквално го уништуваме најголемиот водотек во Македонија и ја правиме вардарската вода целосно неупотреблива бидејќи не прочистуваме ниту литро од отпадните води.
Видето прикажува десетина поголеми испустни цевки за загадување кои значително ја уништуваат и ја убиваат реката правејќи ја водата од Вардар не употреблива бидејчи истата на само 50тина километри од изворот доаѓа во највисоката 4 и 5-та категорија на загаденост (вода која не смее да се користи за ништо) за веќе во Скопје да се карактеризира вон секоја мерлива категорија (категоризирнао како ниво на загаденост вон категорија – над сите максимуми ). Со таа категорија Вардар продолжува да тече низ погоилемиот дел на Скопската котлина и надолу во Повардаието па се до Демиркапија каде Вардарската вода повторно иако загадена може да се категоризира во 4та и 5та класа на загаденост (повторно категории на загаденост според кои водата не може да се користи за никаква намена) што е повеќе од застрашувачки.
На крајот дозволете само да потсетиме дека во рамите на подготовките и изработката на ова видео дојдовме до аматерски измерени податоци дека вкупниот прилив на канализации и отпадни води од изворот во вруток до Скопје изнесува околу 900-1000 литри во секунда а протокот на Вардар во Скопје – кога се исклучени Мавровските централи и централите на Треска изнесува едвај 6-7000литри во секунда што покажува дека скоро една 6-тина од водата на Вардар е канализација.
Затоа со ова видео повторно ги прашуваме градските власти на Гостивар, Тетово и Скопје како и министерството за животна средина ДО КАДЕ СЕ ПРЕЧИСТИТЕЛНИТЕ СТАНИЦИ.Во наредниот период планирано е снимање на втор дел од видеото кој ќе ги опфати отпадните води од под Скопје до границата со Грција.
Им заблагодаруваме на спортските риболовци во детектирањето на испустните цевки и снимањето на ова видео.
Акцијата е дело на групата урбана герила/урбани уметнички акции која функционира во рамките на Центарот за современи уметности“, истакнуваат од Центарот за современи уметности.