ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Преработената храна и пијалаци го забрзуваат стареењето

November 11, 2024 10:37
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Високопреработената храна, како што се грицки, зашеќерени напитоци, индустриски леб, овошен јогурт, житарки и алтернативи за месо – сѐ тоа е поврзано со забрзаното биолошко стареење. Тоа, поради високата содржина на калории, шеќер, масти и сол во намирниците, посочува ново истражување на Медитеранскиот невролошки институт „Неуромед“ во Поцили, Италија.

– Покрај тоа што е нутритивно несоодветна, таа е богата со шеќер, сол и заситени или транс-масти, и е подложена на интензивна индустриска обработка, што, всушност, ја менува структурата на храната, а тоа доведува до губење хранливи материи и влакна. Сѐ ова може да има сериозни последици врз бројни физиолошки функции, вклучително и метаболизмот на шеќерот и составот и функционалноста на цревниот микробиом, објасни нутриционистичкиот епидемиолог и авторка на трудот, д-р Маријалаура Боначио.

Староста на човековите клетки и ткива е под влијание и на генетиката, навиките за животен стил, исхраната и физичката активност. Така, средновечните и постарите италијански учесници во испитувањата, кои добивале повеќе од 14 отсто од дневните калории од високопреработена храна, изгледале постари отколку што всушност биле, пренесува „Њујорк пост“ (New York Post).

И друго неодамнешно истражување на Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско покажа дека додадениот шеќер го забрзува биолошкото стареење, дури и ако е дел од здрава исхрана. Високото ниво шеќер во крвта може да ги оштети клетките и да предизвика хронично воспаление, коешто е поврзано со дебелина, срцеви заболувања, дијабетес, заболувања на црниот дроб и разни видови рак.

Така, истражувањата сè повеќе сугерираат дека избегнувањето високопреработена храна и додаден шеќер може да биде клучно за побавно стареење и одржување на целокупното здравје.

Next Post

Синер го победи Де Минаур на завршниот АТП турнир

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk