ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руте: Случувањата во Украина имаат влијание на глобално ниво

November 13, 2024 11:38
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Евроатланскиот и Индо-пацифичкиот регион не се премногу одвоени кога станува збор за заканите и она што се случува во Украина сега има влијание на глобално ниво, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на НАТО, Марк Руте по билатералната средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Севернокорејците војници претставуваат дополнителна закана за Украина и ќе го зголемат потенцијалот на (рускиот претседател Владимир) Путин за нанесување штета, истакна Руте.

Тој оцени дека активностите на севернокорејските војници во Украина имаат своја цена, за која Русија плаќа со испорака на технологија, вклучително и ракетна технологија, за Северна Кореја, што претставува закана не само за европската страна на НАТО, туку и за американската територија, за Јужна Кореја и Јапонија.

Руте додаде и дека руската агресија ја помагаат и Кина, која ги заобиколува меѓународните санкции и со испорака на стоки за Русија ги потпомага нејзините воени напори, како и Иран со неговата испорака на дронови и друга технологија, за што Москва му плаќа на Техеран и со тоа му помага да продолжи со неговите напори за дестабилизирање на Блискиот Исток.

– Затоа мораме да го засилиме одбранбеното производство од страната на САД и овде во Европа, мораме да направиме повеќе во однос на потрошувачката и мораме да направиме повеќе за да обезбедиме дека Украина ќе надвладее, истакна Руте.

Според него, во изминативе четири години САД му помогнале на НАТО да направи повеќе за зголемување на одбранбените трошоци на европските сојузници и Канада, како и за приемот на нови членки.

– Но, можеби она што е најважно, благодарение на американското лидерство, Украина успеа на надвладее, а Русија не успеа да победи. Очигледно е дека мора да направиме повеќе за да обезбедиме Украина да може да продолжи со борбата и да е во состојба да возврати колку што е можно повеќе и да го спречи Путин да постигне успех, додаде Руте.

Блинкен, од своја страна, истакна дека американскиот претседател Џо Бајден во преостанатиот период од неговиот мандат има намера да продолжи да го прави она што го правеше изминативе четири години за зајакнување на НАТО, што, според него, е клучно за безбедноста на САД и на европските земји.

– Ќе го правиме тоа и ќе продолжиме да го поддржуваме сето она што се прави за Украина, за да обезбедиме дека таа може ефикасно да се одбрани од руската агресија, истакна Блинкен.

Тој додаде дека на средбата со Руте имале продуктивна дискусија за постојана поддршка на НАТО за Украина во услови на тековната руска агресија, за што, како што посочи, ќе се разговара и на денешното заседание на Северноатлантскиот совет, како и на останатите средби што ќе ги има во текот на денот.

Според Блинкен, присуството на севернокорејските војници на бојното поле во Украина бара цврст одговор, за што е потребно НАТО дополнително да ја зајакне својата соработка со партнерите од Индо-пацифичкиот регион, но и членките на Алијансата да продолжат да ја зајакнуваат својата одбранбена индустрија и нивните трошоци за одбраната да бидат насочени кон засилување на потребните капацитети.

– Сега 23 сојузници од НАТО се над границата од два отсто од БДП за трошоци за одбрана, што е добри, но сакаме да се погрижиме тие трошоци да бидат фокусирани таму каде што е потребно, додаде Блинкен.

Next Post

Средношколката Ситновска од Македонска Каменица најдобар млад карикатурист на конкурсот на Вечерње новости „Пјер"

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk