ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Амандманите на СДСМ се за 20% повисоки плати и 10% повисока социјална заштита

November 14, 2024 12:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО ДПМНЕ со предлог Буџетот за 2025 уште еднаш ја покажа безидејноста и незаинтересираноста за интересите на граѓаните и развојот на економијата. Ова е буџет за власта, а не за народот. Нереален, неразвоен и недомаќински, буџет во којшто нема ништо од ветувањата за подобар животен стандард, социјална поддршка, нови инвестиции, развиена економија, истакна на денешната прес-конференција пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

Таа нагласи дека „ВМРО ДПМНЕ скори предизборен буџет, буџет кој  ќе биде генератор на нови долгови, со планиран дефицит од 4% кој го крши законскиот максимум, со зголемени непродуктивни трошоци, а скратени пари за ставки важни за граѓаните“.

„Во новата буџетска каса не се планирани средства за зголемување на минималната плата.

Со ова ВМРО ДПМНЕ потврди дека нема намера за нагорна корекција на минималната плата и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Ако се анализира поддршка за социјална политика, јасно се гледа дека за следната година власта решила да ги намали средствата за клучни ставки од овој сектор.

Намалени се средствата од 80 милиони денари на 60 милиони денари кои согласно Законот за игри на среќа се трансферираат кон  Националните сојузи на инвалидските организации (Сојуз на трудови инвалиди, Сојуз на слепи лица, Сојуз на глуви и наглуви и сл.), кон Црвениот крст и  здруженијата за борба против насилство врз жените.

Следната година ќе има  помалку пари или речиси ич пари за трансфери кон невладини организации (провајдери)  кои ги спроведуваат социјалните услуги кои се однесуваат на обезбедување услуги за помош и нега во домот за старите лица, лица со попреченост,  личната асистенција на лица и деца со попреченост и други ранливи категории на граѓани.

ВМРО ДПМНЕ ветуваше  за 30%  зголемени права од  социјална заштита, но и ова ветување не е исполнето во Буџетот за 2025 година. Нема предвидено средства за згоlемување на Гарантирана минимална помош, за правата на лицата со попреченост, за социјалната пензија.

Во делот на капиталните инвестиции за социјална заштита кои се однесуваат на инвестиции за нови дневни центри за лица со попреченост  за старечки домови, е планирана  сума која нема да биде доволна ниту за реализација на започнатите повеќегодишни инвестиции од 2023 година, а за оние од 2024 нема да има средства ниту за нови капитални инвестиции.

Покрај ова, при планирањето на новиот Буџет, власта не водела сметка ниту за изградба на нови градиники- следна година очигледно нема да се градат нови градинки.

СДСМ нема да гласа за буџет кој не ги застапува интересите на граѓаните. Затоа поднесовме 200 амандмани, со кои нудиме конкретни решенија за подобар животен стандард, повисока поддршка за социјална политика, за развиена економија.  Со нашите амандмани предлагаме зголемување на платите во јавниот сектор и спроведување на обврските од Општиот колективен договор, односно поголеми плати за сите вработени во јавниот сектор.

Потоа предлагаме 2 милиони поддршка за Сојузот на борци, тоа им го должиме на оние кои се избориле за слободата што ја живееме денес. Со нашите амандмани предлагаме да се издвојат 995.490.000 денари за 10% повисок месечен надоместок за социјална заштита, а капитални инвестиции од областа на социјална заштита 88 милиони денари.

Ова се амандмани кои преставуваат вистинска грижа за граѓаните, особено за ранливите категории и ќе придонесат за социјален напредок.СДСМ активно ќе учествува во расправата за Буџетот, но цврсто ќе ги браниме нашите позиции, затоа што граѓаните заслужуваат да живеат во развиена и напредна држава со подобар животен стандард“, истакна Тренчевска.

Tags: БуџетТренчевска
Next Post

Поради несподобноста на Тошковски криминалните пресметки станаа секојдневие, велат од СДСМ, министерот истакнува - одлучно ќе се бориме против криминалот

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk