ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Без аргумнети ДПМНЕ не го одбрани расипничиот Буџет во Комисијата, затоа е нервозата кај Стојановски

November 15, 2024 09:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
СДСМ

СДСМ

Share on FacebookShare on Twitter

– Седницата на Комисијата за финансирање покажа дека ДПМНЕ нема аргументи и не може да го одбрани предложениот расипнички и гломазен Буџет кој освен нови долгови врз грбот на народот не нуди развој на економијата ниту покачување на платите. Затоа има голема нервоза кај пратениците на ДПМНЕ, реагираат со соопштение СДСМ.

За власта, велат од СДСМ, набавката на службени возила е поважна од зголемување на платите. Парите за службени коли се зголемени за 75% додека велат нема пари за поголема минималната плата за работниците, обвинува СДСМ.

„Ги кратат капиталните расходи во клучни сектори како образование и здравство кои се витални за квалитетен живот на граѓаните. За Мицкоски и ДПМНЕ услугите се поважни од здравјето на граѓаните, од образованието на младите. Власта ги намалува парите за енергетиката, нема државни проекти за модернизација на енергетските капацитети или нови инвестиции во енергетската ефикасност. Средствата за гасификација се речиси преполовени, додека за енергетска трансформација нема ништо. Мицкоски најавува гасна когенеративна централа за да се намали загадувањето а во Буџетот нема пари за тоа. Власта е фатена и како прекршува Закон, Буџетскиот дефицит е поставен на 4% од БДП, што директно го нарушува Законот за буџетите. Фискалната политика на власта води кон уништување на финансиската стабилност на земјата. Владата само ќе ја задолжува државата, ќе товари нови вработувања во администрацијата, ќе го зголемува долгот, ќе си троши на стоки и услуги, а за граѓаните ќе нема ништо. ДПМНЕ нека си ја контролира нервозата, СДСМ ќе продолжи да ги изнесува аргументите во јавноста и во Собраниет и да се спротивставува на погрешните политики“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Tags: БуџетСДСМ
Next Post

Започнаа 57- те Детски Рацинови средби

Најново

Анаис. Мотив, Кратово

Дневен хороскоп со Анаис за 8 мај 2026: Иновација, слобода и рушење на правилата

May 8, 2026

ХАОС ВО МАДРИД: Валверде во болница по тепачка со Чуамени – двајцата го пропуштаат „Ел Класико“

May 7, 2026
Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

ИРЛ категорично ги отфрли обвинувањата за договорот со МРТВ: Станува збор за координиран напад врз истражувачкото новинарство

May 7, 2026
Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk