Под администрацијата на Доналд Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Секако, со политиката на овој тим кој сега ќе ја води Белата куќа, војната ќе заврши побрзо. Ова е нивниот пристап, нивното ветување за нивното општество и за нив тоа е исто така многу важно“, изјави Зеленски за весникот „Суспилни“, пренесува Укринформ.
„Тој (Трамп) ја слушна основата на која стоиме. Не слушнав ништо против нашата позиција“, нагласи Зеленски.
На појасно прашање дали Трамп побарал Украина да учествува во преговорите со Русија, Зеленски одговори: „Ние сме независна земја. И ние, за време на оваа војна, и нашиот народ и јас, лично, сме во преговори со Обединетите Државите, и со Трамп и со Бајден, и со европските лидери, докажаа дека реториката „седи и слушај“ не функционира кај нас“.
Зеленски рече дека се развила конструктивна интеракција меѓу него и Трамп и дека украинската страна имала можност јасно да го каже својот став за иднината на светот.