ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Масовни руски ракетни напади, силни експлозии во Кијив и други украински градови

November 17, 2024 10:01
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото:  X

Фото: X

Share on FacebookShare on Twitter

Експлозии ја потресоа украинската престолнина Киjив и други градови, а соседна Полска ја зголеми тревогата за авиони во раните утрински часови денеска откако двете земји пријавија масовен руски ракетен напад.

-Поради масовниот ракетен напад на Русија со крстосувачки и балистички ракети и со беспилотни летала врз цели лоцирани особено во западна Украина, полските и сојузничките авиони почнаа да оперираат во нашиот воздушен простор, објави на социјалната мрежа „Х“ оперативната команда на вооружените сили на Полска.

Се додава дека „сите расположливи сили и ресурси се активирани, борбените авиони се ставени во готовност, а копнените средства за воздушна одбрана и радарски надзор се ставени на највисоко ниво на подготвеност“.

Експлозии одекнаа во југоисточниот украински град Запорижја, изјавија очевидци, а украинските воздухопловни сили прогласија воздушен тревога на целата територија на Украина, но обемот на нападот останува нејасен. Градоначалникот на Одеса на Црното Море, Генадиј Труханов, пријави силни експлозии и додаде дека делови од градот се без струја.

Воздухопловните сили ги повикаа жителите да се засолнат во засолништа за бомби и посочија дека неодреден број проектили, вклучително и разни видови крстаречки ракети, летаат во украинскиот воздушен простор.

Украинските власти објавија дека како мерка на претпазливост ја исклучиле струјата во голем број региони, вклучувајќи го и Кијив.

Ракетниот напад уследи по полноќен напад со дрон врз главниот град на Украина. Паѓањето на остатоци предизвикало пожар на покрив на станбена зграда, а најмалку едно лице е повредено, објави градската управа на апликацијата Телеграм.

-На местото на настанот се испратени екипи на итната помош, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Во јужниот град Николаев две жени загинаа, а шест лица се повредени, меѓу кои две деца, во полноќен напад со беспилотно летало, објави на Телеграм претседателот на регионалната воена администрација Виталиј Ким.

Украина со недели е во состојба на готовност поради стравувањата од можен голем руски напад со наближување на зимата. Претходните напади беа насочени кон електричната мрежа, оставајќи големи делови од Украина во мрак.

Tags: Војна во УкраинаРуска агресија
Next Post
Илустрација: Укринформ

Зеленски: Русија со крстосувачки ракети, околу 120 проектили и 90 дронови ја нападна енергетската инфраструктура на Украина

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk