ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради ноќната атлетска трка

November 17, 2024 10:36
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, РЕПУБЛИКА
Фото: 24инфо

Фото: 24инфо

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 16.00 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка „13 Ноември“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Настанот ќе се одвива со следната траса на движење – од Порта „Македонија“, преку плоштад „Македонија“, по ул.„Никола Вапцаров“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“, до крстосница со ул.„Даме Груев“, полукружно назад по истата улица, во продолжение по ул.„11-ти Октомври“ до крстосница со бул.„Кочо Рацин“, полукружно назад по истата улица, десно по ул.„Филип Втори Македонски“, лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај Порта „Македонија“ во Скопје.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, а во организација на Атлетската Федерација на Македонија ќе се одржи традиционалната меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје 2024”, со почеток од 16 часот.

Ноќната атлетска трка е една од најстарите манифестации кај нас и една од најстарите на Балканот и се одржува традиционално секој ноември во чест на ослободувањето на Град Скопје. Првата трка била одржана во далечната 1953 и се трчало во поединечна и екипна конкуренција, стартот и целта биле на срeдината на плоштадот, a должината била 5 км, стои во соопштението на организаторите.

На програмата на овогодинешното издание се две трки и тоа главна трка на 5км и детска трка до 12 години на 400м , со пријавени на повеќе од 400 учесници во двете трки.

Овој настан е во организација на Атлетската Федерација на Македонија, а е поддржан од Министерството за Спорт, Општина Гази Баба и Министерството за внатрешни работи.

Стартот и целта на трките ќе биде во недела во близина на Триумфалната капија на централниот плоштад во Скопје.

Првата трка е одржана во 1953 година со учество на атлетичари од скопските клубови, претставници на тогашна ЈНА и од повеќе градови на државата. Сѐ до 1958 година, оваа трка се одржуваше како штафетна трка, во која секоја екипа се состоела од три члена, кои ја предавале штафетата еден на друг. Секој атлетски клуб можел да пријави и повеќе штафети.

Запишано е дека победникот во првата трка, била четвртата екипа на АК „Работнички“, во состав: Поповиќ Момо, Димитриевски Бранко и Матовски Славко. Втора била екипата во која трчале Муратовски Киро, Димитров Трајко и Шаревски Чедо. По возбудливите борби во финишот, во последните метри Матовски успеал да го победи Шаревски и да го донесе на својата екипа првиот назив победник во оваа трка. Во 1958 година се менува карактерот на оваа манифестација, така што повеќе не се трчаат штафетни трки, туку поединечни и екипни, на патека од 5 километри. До 1970 година, победници на трката биле Трбоевски Љубиша, Јојкиќ Боро, Ивчев Трајко, Илиќ Раде, Зоран Михајлов, Елица Змејкова, Гавриловски Сотир. Трката продолжила да се одржува и наредните години и децении, иако имало години кога малку била подзаборавена. Од 1970 година, меѓу учесниците на трката беа и познатите имиња на македонската атлетика како Ѓорѓи Вучков, Славковиќ Јовица, Даутовски Демир, Ѓоргиевски Стевче, Михајло Панајотов, Маџгаљ Милан, Јонуз Јунузи, Киро Стојановски, Мартиновски Трпе, Зоран Димов, Спасевски Томислав, Светлана Арџелиева, Анѓелковиќ Мирко, Зотан Саздов, Даниела Кулевска и многу други.

Tags: режим на сообраќајСкопје
Next Post

Велосипедски настан за подигање на свеста за машкото здравје „Пуштам БРК, БРКам здравје“ во Градскиот парк во Скопје

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk