ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Заврши снимањето на филмот „Мајка“ во режија на Ѓорѓи Лазов

November 18, 2024 12:28
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Скорпион филмс

Фото: Скорпион филмс

Share on FacebookShare on Twitter

Успешно заврши снимањето на дебитантскиот краткометражен филмот „Мајка“, во режија на Ѓорѓи Лазов. Последната клапа падна вчера во општина Кисела Вода, завршувајќи го четиридневниот интензивен процес на снимање кој се одвиваше на неколку локации во Скопје, соопшти продукциската куќа Скорпион филмс.

„Мајка“ е интимна семејна драма која ја раскажува приказната за комплексниот однос помеѓу мајка и ќерка. Наративот добива неочекуван пресврт за време на Божиќните празници, кога мајката објавува оглас во весник барајќи маж со цел повторно да се омажи. Преку емотивна и комична перспектива, филмот истражува теми како што се осаменоста, љубовта, почитта и разбирањето во едно семејство.

Фото: Скорпион филмс

Во главните улоги се актерките Наташа Петровиќ и Соња Михајлова, а актерската екипа дополнително ја збогатуваат Слободанка Чичевска, Ивица Димитријевиќ, како и дебитантката Јована Синадиноски, која првпат се појавува пред филмската камера.

Продуцент на филмот е Александар Арсовски, директор на фотографија е Никола Марковски, додека мајстор на светло е Сашко Стојановски Меанџи. За костимите се погрижи Жаклина Крстевска, сценограф на филмот е Дејан Ѓошевски, а шминката и фризурата беа во рацете на Стефанија Илиевски. Монтажер на филмот ќе биде Димитар Спирковски, а снимател на звук и микс Горазд Радевски.

– Снимањето на „Мајка“ беше неверојатно искуство, благодарение на посветената екипа и талентираните актери. Иако беше предизвикувачки да се заврши во краток временски рок, успеавме да ја доловиме емоцијата што ја посакувавме. Очекувам дека оваа приказна ќе допре до срцата на публиката и ќе предизвика емоции и размислувања за односите во едно семејство, вели режисерот Ѓорѓи Лазов.

Филмот е реализиран со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, како и со сопствени инвестиции на продуцентот и продукциската куќа Скорпион филмс, но и партнерски фирми пријатели од Хрватска, Волфганг и Доли и Мираж продукција.

Филмот „Мајка“ е предвиден за премиера во текот на 2025 година.

Tags: Ѓорѓи Лазовмајка
Next Post
Фото: Влада

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Shortcut

Најново

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk