Околу 40 проектили денеска беа истрелани кон Израел од правец на Либан, соопшти израелската армија, додавајќи дека во нападите полесно се повредени четири лица.
Војската соопшти дека се идентификувани околу пет проектили во долината Шарон и во градското подрачје на Тел Авив, како и околу 25 проектили во Галилеја и околу десет на северот на регионот.
Се активирале и сирени за тревога.
Војската соопшти дека некои проектили биле пресретнати, додека други паднале во ненаселени области.
Либанското проиранско движење Хезболах вчера истрела околу 100 проектили во правец на Израел.