Награда „Ванѓуш Габета“ традиционално ја доделува Унијата на новинари на Албанија на новинари од Албанија, С. Македонија и Косово. Оваа година меѓу добитниците е и новинарот од Северна Македонија, Дестан Јонузи од редакцијата Фронтлајн.
„Почестен сум што ја добив оваа награда! Оваа награда ја прифаќам и во име на моите колеги, кои ме охрабрија и ме поддржаа во мојата работа. Благодарен сум што Унијата на новинари на Албанија одлучи да му оддаде почит на новинар од Северна Македонија – кој пишува во медиум на македонски јазик, но и на Албански“, вели Јонузи во изјава за Нова.
„ Оваа церемонија ја подигнува нашата работа како новинари во институцијата за почит, како и во наша општа култура. Уште повеќе кога една професија како што е новинарството, во времето во кое живееме, е толку погрешно разбрана толку и оспорена. Па се чувствувам добро што некој размислува за оваа хумана професија“, изјави добитникот Јонузи.
Приказ на дел од темите што новинарот Дестан Јонузи ги обработува за Фронтлајн:
О2 Иницијатива: Во предлог Буџетот за 2025 година нема средства за конкретни мерки за намалување на загадувањето
„Дестабилизација“ алиби за предизвикување предвремени парламентарни избори?
Предлог Буџетот за 2025 година не е развоен и демократски, опозицијата со обвинувања и голем број амандмани.
Наградите беа доделени денеска во Приштина, на свечена церемонија на која и претходеше форум на тема „Предвидливоста како клуч за економската стабилност и борбата против нелегалните активности“.
За прв пат, церемонија на доделување на наградата за економско новинарство „Ванѓуш Гамбета“ почна во 2009 година и е финансиската компанија „Japan Tobacco International“ (JPI).
Преземено: Нова ТВ