Универзитетското студентско собрание при УКИМ испрати ултиматум за нормализирање на градскиот превоз до Раководството на Град Скопје и до ЈСП поради оргомниот револт меѓу студентите.
УСС бараат нормализирање на јавниот превоз во Скопје до крајот на денешениот ден, во спортивно тие ќе се приклучат на најавениот протест на 22 ноември.
Од студентското собрание апелираат дека оваа недела е колоквиумска, состојбата на ЈСП го нарушува студентскиот стандард.
УСС ги испраќаат следните барања: : Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit, воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје, отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии, надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт.
Оставката е секогаш отворена опција, доколку не можат да се исполнат барањата на граѓаните, но и дадените ветувања, порачуваат од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Кирил и Методиј“.
Преземено: Нова ТВ