ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Иницијативата „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

November 22, 2024 17:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Овој настан е доказ за моќта на соработката, визијата и посветеноста што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски, културната размена и туристичката промоција. Регионалната иницијатива создава можности што го поврзуваат нашиот регион со светот и токму оваа платформа е пример како традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака, порача попладнево премиерот Христијан Мицкоски, на отворањето на меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.

Виното, посочи премиерот, како културно наследство на овој дел од Европа, е многу повеќе од производ – тоа е симбол на нашата историја, земја и труд, но и мост меѓу луѓето, градејќи разбирање и пријателства.

Горд сум што денес, овде во Белград, можеме да ги претставиме достигнувањата на македонската винска индустрија која без сомнение се вбројува помеѓу најразвиените во регионот.  Македонија има повеќе од 28.000 хектари лозови насади, а годишно произведуваме околу 100 милиони литри вино, од кои речиси 70 проценти се извезуваат во над 40 земји низ светот. Нашите лозја, кои се простираат низ региони како Тиквеш, Повардарие и Пелагонија, се меѓу најсончевите во Европа, со над 270 сончеви денови годишно, што придонесува за квалитетот на грозјето. Особено сме горди на нашите автохтони сорти, како што се вранец и станушина, кои стануваат препознатливи брендови на меѓународната сцена, рече премиерот Мицкоски.

Потенцираше дека во споредба со соседните земји, Македонија се издвојува по балансот меѓу количината и квалитетот на произведеното вино.

– Според податоците, 50 проценти од произведеното македонско вино е со ознака за географско потекло, што ја истакнува нашата посветеност на врвниот квалитет. Дополнително, секторот за вино придонесува со 3 отсто од вкупниот БДП на земјата, обезбедувајќи работа за над 20.000 луѓе, од лозарите до винарите и извозниците. Со ова, Македонија станува водечки извозник на вино во регионот според бројот на литри по глава на жител, рече Мицкоски.
Изрази надеж дека овој настан ќе ја зајакне нашата винска индустрија и ќе отвори нови пазари и можности за сите учесници.

Саемот „Wine Vision by Open Balkan“ не е само место за изложување и дегустација, туку и форум за дискусија, образование и соработка што ќе донесе долгорочни придобивки. Сигурен сум дека заедничкиот успех што ќе го споделиме овде ќе биде само почеток на уште поголеми достигнувања во иднина, дополни премиерот.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја поздрави иницијативата истакнувајќи дека е важно да се поврзуваме и сподели дека е горд на сите што се вклучени во организацијата, додека премиерот на Република Албанија, Еди Рама, во видео обраќање истакна дека платформата е добар начин за спојување и презентација на најдоброто од земјите.

– Албанија е горда за придонесот во овој регион. Веруваме дека заедно со соседите од Балканот можеме да постигнеме повеќе, отколку сами, рече Рама.

Во рамки на посетата на Србија по повод учеството на Саемот Мицкоски денеска имаше тет-атет средби со Вучиќ и со српскиот премиер Милош Вучевиќ.

Во состав на македонската делегација на саемот се и Љупчо Димовски заменик-претседател на владата за политички систем, Иван Стоилковиќ, заменик-претседател на владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев, генерален секретар на владата на Република Северна Македонија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев, министер за јавна администрација и Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

Мицкоски и македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски вечер ќе имаат обраќања на македонската вечер што ќе се одржи во хотелот Хајат.

На третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ што се одржува во Белград од 22-24 ноември ќе бидат претставени 650 изложувачи од 37 земји.  Покрај тоа, посетителите ќе можат да уживаат и во Гастро театарот – презентација на најдобрите ресторани и хотели од Србија, Северна Македонија и Албанија, каде што ќе се подготви комплет мени од три јадења во комбинација со вина избрани од најдобрите сомелиери од Србија. Оваа година од Северна Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.

Еден од најатрактивните сегменти на саемот ќе биде доделувањето на „ Винскиот трофеј на Отворен Балкан“, што ќе се одржи на 23 ноември. Тогаш ќе бидат прогласени најдобрите вина на фестивалот, а жирито составено од 26 меѓународни вински експерти, меѓу кои и шестмина носители на титулата „Мастер на виното“, ќе оцени речиси 1.000 примероци вино.
Ќе се оценуваат вината од Србија, Северна Македонија, Албанија и други балкански земји, а најдобрите примероци ќе бидат наградени со златни, сребрени и бронзени медали. Исто така, за вината на членовите на Иницијативата Отворен Балкан ќе бидат доделени национални

Гости на Белград ќе бидат и лидерите на кулинарската и прехранбената индустрија: британскиот готвач и амбасадор на британската кујна Алан Коксон, главниот готвач и сомелиер Драган Униќ, вториот потпретседател на Светската асоцијација на мајстори на готвачи Даниел Ајтон, познатиот италијански готвач Џанлука Томази, како и директорот на Кулинарската олимпијада Даниел Шаде.

Централното место на Белградскиот саем ќе го заземе заедничкиот штанд на трите национални туристички организации на земјите од Отворен Балкан, каде заеднички ќе ја презентираат туристичката понуда и културното наследство на сите три земји.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МицкоскиОтворен Балкан

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk