ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Поранешен бугарски јавен обвинител ја тужи Софија пред Судот за човекови права

November 22, 2024 11:46
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот бугарски главен јавен обвинител Иван Гешев поднесе тужба против државата Бугарија пред Европскиот суд за човекови права, поради неговото разрешување од функцијата, кое, според него, било „незаконско и неосновано“.

Тужбата на Гешев е прифатена во Судот, која пред евентуално да почне постапка по случајот треба да утврди дали во текот на процесот во Бугарија било повредено неговото право на правично судење.

Гешев во тужбата дополнително тврди и дека бил нарушен неговиот приватен и семеен живот, затоа што против него се водела јавна кампања што „ги нарушила неговиот авторитет и углед и му создала пречки за одржување на нормални лични и професионални односи“.

Тој се жали и на „ограничување на правото на слобода на изразување“, како и на „одземање на имотните права“, кое се однесува на неисплатен надомест поради предвременото разрешување од обвинителската функција, за што води судска постапка и во Бугарија.

Гешев беше јавен обвинител на Бугарија од 2019 до 2023 година, во кој период Европскиот парламент усвои Декларација за влошување на состојбата со владеењето на правото во Бугарија. Од друга страна, за време на неговиот мандат Европската комисија го укина специјалниот мониторинг на бугарското правосудство воведен по приемот на Бугарија во ЕУ, иако Гешев не успеа да добие ниту една пресуда за случаи на корупција на високо ниво.

Бугарскиот Врховен судски совет во јуни 2023 година предложи разрешување на Гешев поради „нарушување на престижот на судството“ и по неколку дена тој беше сменет од должноста. Ова беше прв случај на предвремено разрешување на главен јавен обвинител на Бугарија по демократските промени во 1991 година.

Во одлуката за разрешувањето на Гешев, меѓу другото, беше посочена и неговата изјава дека ќе го „избрише политичкото ѓубре“ од бугарското Собрание, која беше оценета како „закана за пратениците“ и „штетна за судството“. Во своја одбрана Гешев изјави дека ги нарекол бугарските пратеници „политичко ѓубре“, бидејќи бил „под влијание на силни емоции“ предизвикани од експлозијата на бомба покрај неговиот блиндиран автомобил на 1 мај 2023 година и „политички мотивираните напади“ против него.

По неговото разрешување Гешев отпатува за Старзбур, каде ги информира европратениците за, како што беше соопштено, случаи на корупција и перење пари во владите на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.

Три дена пред неговото разрешување, тогашната мандатарка Марија Габриел најави дека ако успее да формира нова бугарска влада, ќе побара од министерот за правда да го разреши Гешев. Најавите на Габриел за смена на Гешев беа оценети како драстична промена на позицијата на нејзината партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), која дотогаш беше критикувана дека ги штити интересите на главниот јавен обвинител и ги блокира реформите за намалување на неговата моќ.

Во јавноста Гешев, пак, беше обвинуван за пасивен однос во врска со случаите на корупција и злоупотреби поврзани со претставници на партијата ГЕРБ на Борисов, како со бугарскиот магнат и лидер на Движењето за права и слободи (ДПС), Делјан Пеевски.

Next Post

Голоб: Словенија целосно ќе ги почитува налозите за апсење на МКС

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk