ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кристоф Ле Риголер за МИА: Да бидеме реални, не може да постои апсолутна гаранција за исходот на процесот на евроинтеграција

November 23, 2024 10:07
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Франција ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија, и е подготвена да ја обезбеди сета своја помош за надминување на сегашните блокади. Преземените обврски мора да се почитуваат. Неопходно е да бидеме реални и да разбереме дека не може да постои апсолутна гаранција за исходот на процесот на интеграција, кој е по својата природа сложен, бидејќи бара согласност од сите држави членки, вели амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер во интервју за МИА.

– Во рамки на својата Стратегија за Западен Балкан, за Франција, интеграцијата на регионот е приоритет. Затоа, Франција целосно го поддржува и ќе продолжи да го поддржува процесот што води до интеграција на Северна Македонија во Европската унија. Во тој контекст, таа е подготвена да ја обезбеди сета своја помош за надминување на сегашните блокади. Преземените обврски мора да се почитуваат. Сепак, ние не сме индиферентни за чувствителноста на темата, вели францускиот амбасадор Ле Роголер на прашањето постои ли можност за француско посредување и во однос на „француски предлог плус“, за уставни измени со одложено дејство до завршувањето на преговорите, за што се залага македонската Влада

Според него, треба да се биде реален дека не постои апсолутна гаранција за исходот на процесот на интеграција во ЕУ, поради неговата сложеност и носењето одлуки со консензус.

-Неопходно е да бидеме реални и да разбереме дека не може да постои апсолутна гаранција за исходот на процесот на интеграција, кој е по својата природа сложен, бидејќи бара согласност од сите држави членки. Сепак, Франција е подготвена да работи и да ја искористи својата моќ на убедување за да го осигура текот на процесот на интеграција, во корист на Европската унија и на целиот Југоисточен регион на Европа, подвлекува амбасадорот Ле Риголер.

Во очекување на новиот состав на ЕК и најавените реформи на ЕУ, тој со став и во однос на прашањето дали се разгледува промена на консензусот како принцип на одлучување на Унијата.

-Европската унија и Европскиот совет секогаш биле многу креативни кога станува збор за наоѓање решение за надминување на ситуациите на блокада. Сепак, не постои формален механизам „27 минус 1“, и затоа тоа не може да биде институционализирано решение за моменталната блокада. Одлуките за проширување на Европската унија се уредени со принципот на едногласност. Најдобрата гаранција за Северна Македонија е без сомнение да продолжи да работи посветено на своите реформи, со цел да ја зајакне својата кандидатура, чиј квалитет ќе биде препознаен од Европската комисија и државите членки, вели новиот француски амбасадор.

Ле Риголер меѓу другото говори и за поддршката на Париз за реформската агенда на земјава, Планот за раст на ЗБ, за соработката на двете земји во одбраната и безбедноста во рамки на НАТО-сојузништвото, како и за тоа дали се очекуваат промени во американско-европските односи и приоритетите на Брисел по враќањето на Трамп во Белата куќа.

Tags: ЕУКристоф Ле РиголерФранција
Next Post

Трамп именуваше нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk