ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Српска опозиција: Власта направи циркус од собраниската седница и во исцениран инцидент изведе државен удар

November 25, 2024 19:06
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По денешниот скандалозен инцидент во српското Собрание кога дојде до туркање и физичка пресметка меѓу пратениците на владејачката СНС и опозицијата, со реакции излегоа и речиси сите опозициски партии, оценувајќи дека станува збор за државен удар на власта, циркус, колапс на корумпираниот режим….

Претседателот на Народното движење на Србија, Мирослав Алексиќ оцени дека членовите на владата направиле циркус од собраниската седница, додавајќи дека секојдневно ги уништуваат институциите и газат закони.

-Цела Србија пропадна, сите институции пропаднаа. И ова е само доказ дека ќе треба да се бориме против нив на сите можни начини, бидејќи институциите очигледно веќе не постојат. И тие се оние кои доведоа до оваа ситуација (…) Ја уништуваат Србија, убиваат граѓани на Србија, уништуваат институции, газат закони. Се бориме да го спасиме тоа што може да се спаси во Србија, рече Алексиќ на прес конференција во Народното собрание.

Претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас оцени дека „Ана Брнабиќ изврши државен удар во Србија по наредба на Александар Вучиќ“.

-Го згасна парламентот, ја затвори можноста за парламентарна дебата, го згасна Собранието на Србија. Со тоа почна кога одби да го стави на дневен ред барањето на повеќе од 80 членови на опозицијата за расправа за доверба на Владата поради трагедијата во Нови Сад, рече Ѓилас.

Заменик-претседателот на Партијата за слобода и правда (СПП) и пратеник во српското Собрание, Борко Стефановиќ, оцени дека претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска „на однапред подготвен начин“ го укина парламентот, државата и остатоците од каков било ред и процедури во Србија.

Коментирајќи ја собраниската седница, тој за агенцијата Бета рече дека Брнабиќ тоа го направила „на однапред подготвен начин од претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Српската напредна партија“.

Пратеникот од Движењето на слободни граѓани (ПСЃ) Павле Грбовиќ изјави дека претседателката на Народното собрание денеска „и официјално го укина парламентот“.

-Ова е втор закон за редовен буџет што се носи без дискусија. Затоа трите милијарди долг од фискалниот дефицит повторно се усвојуваат без никаква расправа, рече Грбовиќ.

И за него денешниот  инцидентот е исцениран и дека тепачката почнала кога министерот за здравство Златибор Лончар го нападнал пратеникот Радомир Лазовиќ.

-Јасно е и зошто го направија тоа, јасно е и зошто им беше во интерес да избегнат каква било дискусија, рече Грбовиќ.

Претседателот на Демократската партија, Зоран Лутовац, пак, изјави дека Брнабиќ не разбира или нема да разбере која е задачата и обврската на парламентот.

-Неверојатна е изјавата на претседателот на парламентот дека не е на собранието да бара одговорност за трагедијата во Нови Сад, изјави Лутовац.

„Собранието носи закони, но ја контролира и извршната власт и ги разгледува најважните општествени прашања, а најважно е прашањето за одговорноста за она што се случи во Нови Сад“, додаде тој.

Next Post

Филипче и заменик претседателката на СДСМ Каранфилова-Пановска на прв работен состанок

EVN

НАЈНОВО

МНР. Фото: Ангел Ангеловски

Македонското МНР со одговор на бугарското МНР: Бугарија се меша во нашите внатрешни работи со етикетирања

January 27, 2026
Фото: Скриншот

Нов инцидент: Пукање на агенти на ICE во Аризона, едно лице е во критична состојба

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Што е Војничевиот ракопис – мистеријата што одбива да биде прочитана

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk